Претставници од Земјоделски факултет неодамна беа во посета на Средното општинско училиште „Јане Сандански“ во Штип, со цел да ги презентираат условите за студирање на Универзитет „Гоце Делчев“, како и промовирање на можностите што ги нуди Земјоделскиот факултет на тековните и на идните студентите.

Доц. д-р Биљана Балабанова ги запозна идните студенти со начинот на студирање, електронскиот индекс и начинот на функционирање на системот на Универзитетот „Гоце Делчев“.
Воедно, студенти на прв и на втор циклус студии на Земјоделски факултет со огромно задоволство пред матурантите ја раскажаа својата позитивна приказна и  нивното искуство во текот на студирањето, како и причина плус зошто нивниот избор е токму Земјоделскиот факултет.

„Нашите студенти се нашите најголеми и најискрени промотори, тие се огледало на успехот на факултетот и затоа на оваа промотивна можност особено ја потенцираа предноста на студирање на УГД: најсовремена и најмодерна инфраструктура, комплетно опремени лаборатории, практична и теренска настава, како и можност за посета на институции надвор од Македонија (меѓу универзитетската соработка). Матурантите секогаш имаат отворена покана да бидат гости на Земјоделски факултет и пред поднесување на пријава за факултет да ги видат одблизу условите за нивното понатамошно академско чекорење“, велат од Земјоделски факултет на УГД.

Посетите на средношколците ќе продолжат и во текот на наредниот месец,  со цел тие да се запознаат со можностите што ги има овој факултет.

 

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Адреса: ул. „Гоце Делчев“ бр. 89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија



Студентски прашања

Штип/Прилеп - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.