Во Понеделникот, 20. март со почеток во 11.30 беше одбележан свечениот чин на доделување на дипломи на дипломираните студенти во периодот од Декември 2016 до Март 2017.

Деканот на Земјоделскиот факултет, Проф. д-р Љупчо Михајлов имаше поздравен говор, со кој уште еднаш им потенцираше на дипломираните студенти дека вратите на Факултетот и Универзитетот не се затвораат по нивното дипломирање, туку остануваме отворени за било какви понатамошни активности, мастер студии, соработка помеѓу институцијата во која би се вработиле и нашиот факултет.

Беа доделени и признанија за најдобрите студенти:

  • Зорица Лелова од Наставен центар Кавадарци – дипломиран студент со просек 10;
  • Марија Поцковска од Наставен центар Струмица - дипломиран студент со просек 9.30;
  • Билјана Ѓорѓиева од Наставен центар Свети Николе дипломиран студент со просек 9.57;
  • Марија Стојчева од Наставен центар Кавадарци, дипломиран студент со просек 9.40;
  • Анита Миткова од Наставен центар Штип, дипломиран студент со просек 9.07.

Задоволството беше огромно да се видат насмеани млади лица чии вложен труд во текот на академските денови на крај им се круниса со признание и стекната светски призната диплома.

До следниот свечен чин на доделување на дипломи, од име на деканот на Земјоделскиот факултет и целиот наставен кадар, им посакуваме среќа и успех на тековните студенти, и поттик за идните генерации да го направат вистинскиот избор и да зачекорат по патот на Универзитетот „Гоце Делчев“ и Земјоделскиот факултет.

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Адреса: ул. „Гоце Делчев“ бр. 89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија



Студентски прашања

Штип/Прилеп - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.