Во рамките на проектот „Развој на отворени образовни ресурси и модули за земјоделство и рурален развој“ финансиран од програмата Ерасмус+, во периодот од 12 до 15 март, гостин на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип беше м-р Никос Пападантонакис.

М-р Пападантонакис доаѓа од Директоратот за земјоделска економија и ветеринарство, Регион на Крит, Грција, и има долгогодишно теоретско и меѓународно практично искуство во областа на органското земјоделско производство на различни земјоделски култури.

М-р Никос Пападантонакис одржа стручно предавање за студентите од трета година на Земјоделскиот факултет во Струмица, по предметот Органско производство што студентите го следат кај проф. д-р Љупчо Михајлов.Во текот на предавањето посебен акцент беше ставен на органското земјоделство како филозофија на живеење и потреба на модерниот човек. Тој ги сподели своите практични искуства за спроведување на различни агротехнички мерки за успешно органско производство на медитерански земјоделски култури, како винова лоза, маслинки и авокадо, ги објасни проблемите со кои се соочуваат органските производители и даде лично видување за предизвиците кои претстојат во органското производство.

Стручните предавања од истакнати предавачи од пракса се одлична можност за запознавање на студентите со практичните предизвици што ги очекуваат во иднина и нудат можност за размена на искуства и добивање на нови идеи во различни области од земјоделското производство.

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Адреса: ул. „Гоце Делчев“ бр. 89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија



Студентски прашања

Штип/Прилеп - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.