Во периодот од 17 до 19 април 2024 г. се одржа вториот генерален состанок и посета на пилот-експерименталните земјоделски површини во склоп на активностите на научниот проект „Карбоника“, финансиран од Европската Унија, во организација на националниот координатор на проектот „АгФутура технологии“ од Скопје.

Земјоделскиот факултет при УГД како партнер-институција во проектот „Карбоника“ беше домаќин на спроведување на активностите во делот Пилотирање и иновативност, преку демонстрација на иновативни технологии  во склоп на пилотирање на опитни земјоделски површини по научен проект „Карбоника“. Претставници од партнер-институциjaта  i-BEC, Интербалкан центар за животна средина во Солун, Грција, одржаа претставување и обука за користење на иновативната алатка Agronomist diagnostic Field Toolbox (Farmer’s suitcase). На обуката учествуваа и претставници од останатите партнер-институции од Северна Македонија, Грција и Кипар.

 

- Заедно со нашите партнери во проектот „Карбоника“ од Грција, Кипар и од Македонија спроведуваме активности кои се предвидени во проектот со цел дефинирање на методологија за следење, известување и потврдување на складираниот јаглерод  во почвата како резултат на практики кои се применуваат во производството, а емитираат помало количество на стакленички гасови или го складираат јаглеродот во почвата. Крајната цел на оваа методологија е да се воспостави сертификациски систем, односно сертификација на практиките кои ја намалуваат емисијата на јаглерод во атмосферата, со цел земјоделците кои ќе ги применуваат тие практики да бидат наградувани по пат на субвенционирање, затоа што ќе придонесуваат за намалувањето на климатските промени. За да биде објективен целиот процес, односно да се докаже автентичноста на складираниот јаглерод, дека е токму како резултат на применетите практики, треба да се донесе стандард кој на објективен начин ќе ги потврди количините на јаглерод во почвата. Значи, земјоделците треба да се стимулираат да применуваат прифатливи практики кои ја намалуваат емисијата на стакленички гасови, преку складирање на јаглерод во почватаизјави проф. д-р Верица Илиева, координатор на „Карбоника“.

Во склоп на овие активности беа вклучени и студентите од Земјоделски факултет во делот за практична настава, која вклучува демонстрација на користење иновативни технологии за земање примероци на почва и in situ следење на одредени агрохемиски карактеристики на почвата.

 

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Адреса: ул. „Гоце Делчев“ бр. 89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија



Студентски прашања

Штип/Прилеп - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.