Земјоделскиот факултет на Универзитет „Гоце Делчев“ организираше Отворен ден посветен на состојбите во производството на житни култури и сончоглед.

Тема на овој настан беше „Отворен ден за производителите на житни култури и сончоглед – избор на сорти, предизвици и решенија“.

Овој настан, кој е во рамките на активностите за промоција на Земјоделски факултет, е организиран во соработка со компаниите „Клечовце“ и „Агростарт“ и Институтот за полјоделство и градинарство во Нови Сад.

Учествуваа производителите и преработувачите на житни култури и сончоглед, но и студентите и сите други заинтересирани страни.

На отворањето на настанот говореше деканката проф. д-р Емилија Арсов, а се обратија и поранешните декани проф. д-р Љупчо Михајлов и проф. д-р Илија Каров. Учеството на претставници на компании кои работат во областа на производството на житни култури практично беше потврда и продолжување на соработката на Земјоделскиот факултет со реалниот сектор, кое и досега е на едно извонредно високо ниво. Дел од овој Отворен ден беа и претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со кое исто така Земјоделскиот факултет остварува соработка преку учество во проекти, доделување на стипендии на студентите и слично.

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Адреса: ул. „Гоце Делчев“ бр. 89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија



Студентски прашања

Штип/Прилеп - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.