Во периодот од 31 мај до 4 јуни, 18 студенти со статус на редовни студенти на Земјоделскиот факултет, под менторство на проф. д-р Емилија Арсов, проф. д-р Лилјана Колева-Гудева, проф. д-р Фиданка Трајкова и дипл. инж. Иван Донев, земаа учество на 60. традиционална манифестација на студенти од земјоделските и шумарските науки со научен и спортски карактер „Агрономијада 2023“.

Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, со своето трето учество до сега, го зема високото 4. место.

На настанот учествуваа повеќе од 17 факултети од Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора и Македонија.

Оваа година, покрај активното учество во квизовите на знаења и научните трудови, студентите тимски се организираа и за учество во спортските активности кои им донесоа дополнителни поени.

 

Натпреварот го затворивме со следниве добиени дипломи:

 

– Кристина Митревска, студент од четврта година, за освоено 1. место во квизот на знаење и освоено 2. место во презентација на научен труд од областа на градинарството и полјоделството;

– Афродита Волческа, студент од втора година, за освоено 1. место во презентација на научен труд од областа на агроекономијата;

– Стефан Михаилов, студент од трета година, за освоено 1. место во презентација на научен труд од областа на лозарството и винарството;

– Кристина Ваневска, студент од трета година, за освоено 2. место во квизот на знаење од областа на лозарството и винарството;

– Мартина Бајлозова и Христијан Ристоманов, студенти од втора година, земаа активно учество во квизовите на знаења.

 

Студентскиот научно-спортски натпревар Агрономијада 2023 заврши многу успешно за нашите студенти претставници од Земјоделскиот факултет. Честитки и благодарност до сите наши студенти за учеството и честитки за високото 4. место. Само 1 поен ги делеше од 3. место. Ова нека биде причина плус за наредната година побројни, желни за многу знаење, спорт и забава да бидат повторно тимски учесници на нови предизвици.

 

Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ инвестира во знаење, пракса, лабораториски научни истражувања на своите студенти, кои понатаму стекнатото знаење, искуство и вештини за тимска работа можат лесно да ги применат во пракса како инженери агрономи.

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Адреса: ул. „Гоце Делчев“ бр. 89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија



Студентски прашања

Штип/Прилеп - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.