По покана од проектниот тим на проектот „Градење на еко-системски капацитети базирани во функција на намалување на ризикот од природни непогоди преку одржливо менаџирање на шумите во Северна Македонија“ („Project on Capacity Building for Ecosystem based Disaster Risk Reduction through Sustainable Forest Management in North Macedonia (Eco-DRR)”), проф. д-р Љупчо Михајлов од Катедрата за растително производство на Земјоделскиот факултет при УГД – Штип, на ден 15.5.2023 година во општинската сала на Општина Свети Николе одржа предавање по повик на тема: „Објаснување на ефектот на ветрозаштитните шумски појаси врз земјоделското земјиште“ („Explanation of the effect of windbreaks on farmland“)

Проектот (JICA Eco-DRR Project) е координиран и финансиран од јапонската организацијата JICA – „Јапонската агенција за меѓународна соработка“ и има за цел да придонесе кон зголемување на свеста на локалното население, особено примарните земјоделски производители, за важноста на зачувувањето на ветрозаштитните шумски појаси за зголемување на плодноста на почвите и заштита од ерозија.
Друга цел на проектот е да се истражат можностите и препреките кои придонесуваат за помал или за поголем успех во правец на одржувањето и правилното ревитализирање или експлоатирање на ветрозаштитните шумски појаси.
На семинарот беа презентирани податоци и видеозаписи од искуства со улогата и ефектите од ветрозаштитните шумски појаси во Јапонија и во Унгарија.
Свои обраќања, заклучоци и коментари имаа и претставници од „Македонски Шуми“ и „ЦУК” (Центар за управување со кризи во Република Северна Македонија).

 

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Адреса: ул. „Гоце Делчев“ бр. 89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија



Студентски прашања

Штип/Прилеп - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.