По покана од проектниот тим на проектот „Градење на еко-системски капацитети базирани во функција на намалување на ризикот од природни непогоди преку одржливо менаџирање на шумите во Северна Македонија“ („Project on Capacity Building for Ecosystem based Disaster Risk Reduction through Sustainable Forest Management in North Macedonia (Eco-DRR)”), проф. д-р Љупчо Михајлов од Катедрата за растително производство на Земјоделскиот факултет при УГД – Штип, на ден 15.5.2023 година во општинската сала на Општина Свети Николе одржа предавање по повик на тема: „Објаснување на ефектот на ветрозаштитните шумски појаси врз земјоделското земјиште“ („Explanation of the effect of windbreaks on farmland“)
Read more ...Во периодот од 19.4.2023 до 20.4.2023 година тим од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип составен од членовите: проф. д-р Верица Илиева, проф. д-р Саша Митрев и проф. д-р Биљана Балабанова го претставија проектот „Карбоника“ на Третото меѓународно научно-стручно советување „Агронаука и пракса“.
Read more ...Земјоделски факултет нa Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип има потреба да ангажира едно лице експерт од областа на земјоделското производство и едно лице лаборант со искуство за лабораториска работа во областа на хемија на земјиште и растителна биохемија, како соработници во реализирањето на проектот „CARBONICA (101087233), CARBON INITIATIVE FOR CLIMATE-RESILIENT AGRICULTURE“. Проектот е финансиран од програмата HORIZON-CSA (HORIZON-WIDERA-2022-ACCESS-04-01) и ќе трае до 31.12.2026 година.
Read more ...Во изминатите три дена, од 10 до 12 мај, Земјоделскиот факултет беше локален партнер на Улис Годер (Ulysse Gaudaré) и на неговиот проект „Училиштето на Одисеј“ (École L'Odyssée). Улис е доктор на земјоделски науки и патува со велосипед од Бордо, Франција, до Истанбул, Турција. На ова патување долго 9000 километри тој посетува фарми, за да направи интервју со земјоделците за климатските промени и како тие влијаат врз нивното земјоделско производство.
Read more ...Со присуство на голем број земјоделски производители, научни работници, професори и земјоделци денес започна 3. Меѓународно научно советување „Агро - наука и пракса“.
Read more ...Во рамки на Еразмус плус проектот „Од дигитална технологија до образовна алатка: Унапредување на квалитетот на активното учење во земјоделските научни дисциплини во услови на онлајн и хибридна настава“ (HEAL-in-ONE), на Факултетот за агробиотехнички науки при Универзитетот „Јосип Јурај Штросмаер“ во Осиек, Р. Хрватска, се одржа Втората работилница на тема „Унапредување на компетенциите на универзитетските професори во креирањето на наставна ситуација“.
Read more ...