Во периодот од 31 мај до 4 јуни, 18 студенти со статус на редовни студенти на Земјоделскиот факултет, под менторство на проф. д-р Емилија Арсов, проф. д-р Лилјана Колева-Гудева, проф. д-р Фиданка Трајкова и дипл. инж. Иван Донев, земаа учество на 60. традиционална манифестација на студенти од земјоделските и шумарските науки со научен и спортски карактер „Агрономијада 2023“.
Read more ...Земјоделскиот факултет на УГД организираше настан „Запознај го својот иден работодавец“, поддржан од Владата на Швајцарија. Настанот се организираше во рамките на активноста „Развој на менторска програма за високото образование во земјоделството“ преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ и проектот „Образование за вработување во Северна Македонија“ (E4Е@mk).
Read more ...Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, Земјоделски факултет, има потреба да ангажира едно лице консултант од областа на економија, агроекономија и менаџмент, како соработник во реализирањето на проектот „CARBONICA (101087233), CARBON INITIATIVE FOR CLIMATE-RESILIENT AGRICULTURE“. Проектот е финансиран од програмата HORIZON-CSA (HORIZON-WIDERA-2022-ACCESS-04-01 и ќе трае до 31.12.2026 година.
Read more ...На ден 6.6.2023 г., во село Новосељане, Кумановско, се одржа традиционалната манифестација „Ден на полето“ во организација на Комбинатот „Клечовце“ и „Агростарт“. Тој ден е посветен на значењето и користењето на сертифициран семенски материјал, како и избор на ѓубрива, заштита и современа и прецизна механизација за едно квалитетно земјоделско производство.
Read more ...Во рамки на CEEPUS мрежата BioScience, Food and Health за мобилност на студенти и наставнички кадар, проф. д-р Виолета Иванова-Петропулос од Земјоделски факултет и м-р Елена Богева, студент на трет циклус студии на Земјоделски факултет, реализираа студиски престој на Биотехнички факултет на Универзитетот на Црна Гора во Подгорица, во период од 15 до 21 мај 2023 г. За време на престојот, проф.
Read more ...Во периодот од 8 до 12 мај Земјоделскиот факултет беше домаќин на професори од Институтот по земјоделие во Карнобат, во рамките на „Еразмус плус“ програмата.
Проф. д-р Драгомир Влчев и проф. д-р Дарина Влчева од Институтот по земјоделие во Карнобат во рамките на „Еразмус плус“ програмата имаа предавања пред студентите. Освен наставните активности, професорите направија и теренска посета на неколку површини под житни култури.