Име и презиме: Александар Пиперевски

Факултет и студиска насока: Земјоделски факултет, магистер во областа на енологијата.

Тековна професија: Магистер по земјоделски науки – енологија, раководител на Хемиска лабораторија во Винарската визба „Имако вино“ во Штип.

Место на вработување: По завршувањето на дипломските студии се вработив во Винарската визба „Имако вино“ во Штип, како дел од поголем стручен тим и денес сум во редовен работен однос.

Животно мото: Трудољубивоста, редовноста, трпеливоста и скромноста секогаш даваат позитивен резултат во патот кон успехот и остварување на зацртаните цели во животот.

Позиција на која работам денес: Раководител на Хемиска лабораторија во Винарската визба „Имако вино“ во Штип, каде што имам можност да ги пренесам моите знаења од областа на енологијата и хемиските анализи на вино, со идни планови за запишување на докторски студии. Се разбира, мојот избор повторно ќе биде Земјоделски факултет при УГД – Штип, каде што сметам дека ќе ги остварам моите идни научни планови.

Мојот рецепт за успех се состои од: Максимална посветеност на работата, интерес за истражување и поставување на нови лабораториски методи на анализа.

Најголеми предизвици на патот до успехот ми беа: Како раководител на Хемиска лабораторија во Винарската визба „Имако вино“ во Штип сметам дека успешно го применувам стекнатото знаење, но патот до успехот е долг и сѐ уште поставувам цели кои треба да ги реализирам за да стигнам до погорните скалила на успехот.

Со УГД се дружев: 4 години.

Факултетот и насоката ги избрав затоа што:  По стекнато десетгодишно работно искуство, логично беше моето образование да го продолжам во областа на хемиски состав и производство на вино. Мојот избор за магистерски студии без размислување беше Земјоделски факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, затоа што сметав дека таму најдобро ќе ги реализирам моите планови, во што и успеав.

Како клучна предност на студиите на УГД ги издвојувам: Професионалност, достапност, стекнување поголема самодоверба, желба и волја за истражување, правилно и навремено насочување на вистинскиот пат, селекција и избор на усовршување во насока спрема квалитетот на секој поединец. Најглавно од сѐ, Универзитетот и Факултетот се секогаш со свежи, нови идеи, вклучување на студентите во нивна реализација, како и развој во чекор со промените и потребите на младите. Едноставно место кое ќе остави траен белег на најубавиот период од вашиот живот, а воедно ќе ви помогне да се оформите како личност.

Праксата на УГД, како составен дел од студиите, ја остварив во: Студирањето на Земјоделски факултет ми отвори нова врати кон научни истражувања и надградување на моите знаења во областа на енологијата и хемиските анализи на вино. Под менторство на проф. д-р Виолета Иванова-Петропулос, експерименталниот дел на мојот магистерски труд, покрај на Земјоделскиот факултет – Штип, го работевме и во лаборатории вон нашите граници. Така остварив тримесечен престој на Институтот за биоанализи во Печ – Унгарија, како и пократки едномесечни престои во Виена и во Софија.

Од студиите на УГД за развој на успешна кариера најмногу ми помогна:  За време на студирањето имав прекрасна соработка и огромна поддршка од целиот колектив на Факултетот. Пријателски однос на професорите, професионалност и споделување на знаењето, искуството и праксата од страна на професорскиот тим, отвореност и достапност на инфраструктурните ресурси, расположливост на лабораториски капацитети, можности за практична работа во научноистражувачкиот центар УНИЛАБ на Земјоделски факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип. Комфорна зона каде што секој ентузијаст може својата идеја да ја претвори во реализација.

Совет за младите како идни студенти: Никогаш не отстапувајте од вашите соништа, работете со љубов, не се обесхрабрувајте доколку имате неуспеси во работата и секогаш бестрашно и самоуверено чекорете кон успехот.

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.  

Адреса: ул. „Гоце Делчев“ бр. 89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија



Студентски прашања

Штип/Прилеп - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

 

Template Settings

Color

For each color, the params below will give default values
Blue Red Cyan Green Orange

Body

Background Color
Text Color

Background

Patterns for Layour Style: Boxed
Layout Style
Select menu