Студентите на Земјоделски факултет при УГД имаа можност да учествуваат во интересна практична теренска настава во склоп на пилотирање на опитни површини по научен проект „Carbonica EU“.

Практична теренска настава се реализираше на опитните површини на Земјоделски факултет, УНИ Сервис агро, с. Амзабегово, Свети Николе, а студентите можеа да видат како се користи современата технологија во земјоделството.

  • Значаен сегмент во целокупната реализација на наставната програма за студентите од Земјоделски факултет претставува и практичната теренска настава. Науката и наставата се апсолутно неделиви сегменти, па и активностите на кои денес студентите можат да бидат сведоци се всушност дел од научните активности за проектот „Carbonica EU“. Овде реално и практично се вршат напредни, современи агротехнички мерки, односно современи технологии. Со оглед на тоа дека континуираното унапредување на знаењата на студентите, како теоретски, така и практични, апсолутни значи дека во целост ги унапредуваат нивните знаења од агрономската струка – изјави проф. д-р Билјана Балабанова.

Според проф. д-р Верица Илиева, проектот има за цел промовирање на одредени современи практики и техники, кои овозможуваат адаптирање на земјоделското производство кон климатските промени, но исто така и нивно ублажување.

  • Денес студентите на Земјоделски факултет спроведуваат теренска настава во склоп на проектот „Carbonica EU“, кој е финансиран од ЕУ, и во кој УГД учествува заедно со уште 13 други партнери од Македонија, Грција и Кипар. Исклучително значење има примената на современи машини, компјутеризирани, кои овозможуваат многу попрецизно просторно и временско манипулирање со сите инпути во земјоделското производство. Тоа се алатки кои се конструираат во машините и при обработката на почвата прибираат податоци врз основа кои подоцна при сеидбата, при третирањето со ѓубрива, хемиски средства, овозможуваат точна распределба.

Во склоп на предвидените активности се изврши примена на современи агротехнички мерки за конвенционално vs. прецизно земјоделско производство (дронирање), како дел од научните активности на пилотирање на проектот „Carbonica EU“, финансиран од програмата „HORIZON-EU“.

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.  

Адреса: ул. „Гоце Делчев“ бр. 89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија



Студентски прашања

Штип/Прилеп - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

 

Template Settings

Color

For each color, the params below will give default values
Blue Red Cyan Green Orange

Body

Background Color
Text Color

Background

Patterns for Layour Style: Boxed
Layout Style
Select menu