Во периодот од 18 до 20 септември 2023 година на Земјоделски факултет при Универзитет во Нови Сад, Република Србија, се одржа Меѓународниот симпозиум за сточарство (ISAS 2023). На Симпозиумот учествуваа научни работници од 20 земји од регионот и пошироко. Во рамки на Симпозиумот се одржаа пленарни предавања на актуелни теми поврзани со улогата на Европската организација за животни (ЕААП) во поддршката на сточарското производство, употребата на инфрацрвената спектроскопија во подобрување на здравјето на молзните крави, воведување на геномската селекција во одгледувачките програми во сточарството, позитивен и негативен концепт во благосостојбата на животните, употреба на адитиви во исхраната на преживните животни.

Со усна презентација на Симпозиумот активно учествуваше проф. д-р Димитар Наков од Земјоделски факултет, Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, Северна Македонија. Неговото излагање беше во рамки на панелот за здравје и благосостојба на фармските животни и биосигурносни мерки на фармите за домашни животни на тема „The impact of mastitis pathogens on antioxidant enzymes activity in cow’s milk“. Неговото учество на Меѓународниот симпозиум за сточарство (ISAS 2023) финансиски беше поддржано од Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип преку Програмата за индивидуална поддршка на научната активност на наставниците и соработниците на единиците на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип. Во рамки на Симпозиумот се одржаа неколку панел-дискусии на актуелни теми за сточарското производство во регионот, како присуството на микотоксини во храната за животни, ширење на вирусот на африканска свинска чума во земјите од Источна Европа, влијание на фармите за домашни животни врз агроекосистемите, производство на месо и месо култивирано во лаборатории, влијание на благосостојбата на животните врз здравјето и репродукцијата. Проф. д-р Наков активно учествуваше во панел-дискусиите, особено во анализа на состојбата со појавата на африканската свинска чума на фармите за одгледување на свињи, како познавач на состојбата со ширењето на болеста во Република Северна Македонија и член на Координативното тело за подобрување на институционалната координација за преземање на мерки за справување со африканската свинска чума.

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.  

Адреса: ул. „Гоце Делчев“ бр. 89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија



Студентски прашања

Штип/Прилеп - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

 

Template Settings

Color

For each color, the params below will give default values
Blue Red Cyan Green Orange

Body

Background Color
Text Color

Background

Patterns for Layour Style: Boxed
Layout Style
Select menu