Во рамките на CEEPUS мрежата „Teaching and Learning Bioanalysis", проф. д-р Виолета Иванова-Петропулос, редовен професор на Земјоделски факултет и локален координатор на CEEPUS за УГД, реализираше научен престој на Бугарската академија на науките во Софија, Бугарија, во периодот од 2.2.2023 до 7.2.2023.
Read more ...Home
УНИЛАБ лабораторијата на Земјоделски факултет години наназад има одлична соработка во рамките на ЕРАЗМУС договорот за соработка со Хемиското училиште во Пардубице, Република Чешка. Како резултат на одличните резултати и препораки кои ги има лабораторијата од страна на студентите од Чешка, продолжува изборот на УНИЛАБ лабораторијата за пракса на студентите, како за кратки престои од две недели така и за подолги студиски престои од три месеци.
Read more ...Во рамките на активностите за промоција на студиските програми и значењето на земјоделието, Земјоделски факултет при УГД денес одржа отворен Инфо ден за сите заинтересирани средношколци и студенти. На настанот беше присутен и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, кој ги истакна придобивките од студирањето на Земјоделски факултет.
Read more ...Во рамки на задолжителната практична настава за студентите на трета година на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, на ден 16 декември 2022 година беше реализирана посета на МИК - Свети Николе и краварска фарма БОНИЕР, с. Ерџелија, Свети Николе.
Read more ...