Студенти на Земјоделски факултет денес се најдоа во улога на професори – им предаваа искуства на средношколците од завршните години, кои се во фаза на одлука каде да го продолжат своето образование. Ова беше идејата на настанот наречен „Од младите за младите“, кој го организираше Земјоделскиот факултет на УГД.
Read more ...Home
Во рамките на CEEPUS мрежата „BioScience, Food and Health“ реализирана е уште една успешна мобилност од страна на студентот Александар Пиперевски, студент на втор циклус студии на студиската програма Енологија под менторство на проф. д-р Виолета Иванова-Петропулос.
Read more ...Земјоделскиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, претставуван од деканката проф. д-р Емилија Арсов и предметниот професор и раководител на Лабораторијата за растителна биотехнологија, проф. д-р Лилјана Колева-Гудева, потпиша Договор за соработка со компанијата „Ирибов МК“ ДООЕЛ Виница претставувана од Елои Боон.
Read more ...За првпат годинава, студенти од насоките Земјоделство, Ветеринарство или Шумарство добиваат стипендии од највисоката категорија, со висина од 18.000 денари. Ова е дел од новата Програма за студентски стандард, донесена на крајот на 2022 година, а денес на средба со деканката на Земјоделски факултет на УГД, проф. д-р Емилија Арсов, ја промовираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. На средбата присуствуваа и студенти кои се добитници на стипендија, кои изразија задоволство од добивањето на стипендијата и од досегашното искуство од студирањето на Земјоделскиот факултет.
Read more ...