
Почитувани,
Земјоделскиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип на 13 ноември ќе биде организатор и домаќин на V студентска конференција „Критични прашања во земјоделството и животната средина“. Конференцијата е наменета за студентите и младите истражувачи со цел споделување на идеи, искуства, истражувања и можности за соработка со агро-бизнис секторот. Ги покануваме сите заинтересирани студенти и млади истражувачи во областа на земјоделството и животната средина да се пријават за учество на конференцијата. Заинтересираните треба да достават електронска порака со пополнет формулар за регистрација на e-пошта: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it., најдоцна до 5.11.2024 г.
Формуларот за регистрација е даден во прилог.