Октомври, нов месец, нов почеток, нова академска година. Почеток на испишување на нова академска приказна со генерација 2023/2024 г.
Средба, свечено обраќање, запознавање, мотивација и споделување на убави зборови кои ќе бидат мисла водилка на почетокот на патот на вашите успеси.
Home
Главна цел на вмрежување на научните работници во рамки на COST Акцијата: CA22112 - European Network on Livestock Phenomics (EU-LI-PHE) ќе биде мултидисциплинарен пристап кон одржливо сточарско производство преку воведување на фенотипски податоци во одгледувачките програми.
Read more ...Деновиве повторно се актуализира прашањето со појавата на болеста африканска чума кај свињите на територијата на Република Северна Македонија. Ново жариште на болеста е една од најголемите фарми за производство на свињи во околината на Штип, која задоволува 20% од потребите за свинско месо на пазарите ширум државата.
Read more ...Во периодот од 18 до 20 септември 2023 година на Земјоделски факултет при Универзитет во Нови Сад, Република Србија, се одржа Меѓународниот симпозиум за сточарство (ISAS 2023). На Симпозиумот учествуваа научни работници од 20 земји од регионот и пошироко. Во рамки на Симпозиумот се одржаа пленарни предавања на актуелни теми поврзани со улогата на Европската организација за животни (ЕААП) во поддршката на сточарското производство, употребата на инфрацрвената спектроскопија во подобрување на здравјето на молзните крави, воведување на геномската селекција во одгледувачките програми во сточарството, позитивен и негативен концепт во благосостојбата на животните, употреба на адитиви во исхраната на преживните животни.
Read more ...