Име и презиме: Михаел Иванов

Факултет и студиска насока: Земјоделски факултет, насока поледелство

Тековна професија: Дипломиран инженер агроном-полјоделец.

Место на вработување: Ирибов МК – Виница

Животно мото: Ништо не е невозможно ако навистина го сакаш…

Позиција на која работам денес: Асистент контролор

Мојот рецепт за успех се состои од:  важноста на континуираното учење и адаптирање. Студиите и истражувањата се процеси кои не завршуваат со завршувањето на образованието. Секогаш има нови информации, нови технологии и нови перспективи.

Најголеми предизвици на патот до успехот ми беа: соочувањето со нови нешта и предизвици кои за нас дотогаш се непознати, како и потешкотиите  со онлјан предавањата.

Со УГД се дружев: 4 студиски години во кои се стекнав со многу убави спомени и многу  знаење благодарение на професорите кои во целото време беа на располагање тука  за нас.

Факултетот и насоката ги избрав затоа што: како професија и наука, поледелството е важно за нашата иднина. Еден од приоритетите на модерниот свет е да се обезбедува храна за населението. Затоа оваа гранка во модерниот свет постојано се унапредува, модернизира и фаворизира, зашто таа е еден од важните сегменти од кои зависи иднината на човештвото.

Како клучна предност на студиите на УГД ги издвојувам: високата употреба на дигитални алатки и технологии кои значително го олеснуваат студирањето на студентите, огромната посветеност и соработка со професорите, учествувањето во разни активности и научни конференции, поврзани со земјоделието и природата.

Практиката на УГД, како составен дел од студиите, ја остварив во:

Земјоделски институт – Скопје, Опитна  станица – Кочани; Ирибов МК – Виница; Уни-сервис при Земјоделски факултет – Штип.

Од студиите на УГД, за развој на успешна кариера најмногу ми помогна: Мојата желба и труд да го научам сето она за кое имав прашалници, а затоа се погрижија професорите, кои со своите презентации и предавања ни даваа насоки за олеснување на нашето студирање, исто така нѐ вклучуваа во разни проекти и научни истражувања, а најмногу од сѐ практиката која ја спроведувавме во текот на студирањето.

Совет за младите како идни студенти: Трудот и посветеноста е почеток на секој успех, а секој неуспех треба да биде поголем предизвик за нови успеси. Студентскиот дел од животот е еден од најпоучните  и предизвикувачки моменти кои се незаборавен дел од нас.

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.  

Адреса: ул. „Гоце Делчев“ бр. 89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија



Студентски прашања

Штип/Прилеп - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

 

Template Settings

Color

For each color, the params below will give default values
Blue Red Cyan Green Orange

Body

Background Color
Text Color

Background

Patterns for Layour Style: Boxed
Layout Style
Select menu