Име и презиме: Кристина Ваневска

Факултет и студиска насока: Земјоделски факултет, Енологија

Тековна професија: Дипломиран инженер агроном - енолог.

Место на вработување:  АД ЗИК „Градиште“ - Куманово и „Калемар комерц“ ДООЕЛ, Свети Николе. 

Животно мото: Ако не се обидеме, нема да знаеме дали сме создадени за замислената цел. А, за да ја оствариме замислената цел не ни треба магија, туку решителност, упорност и напорна работа.

Позиција на која работам денес:  Земјоделски инженер – енолог во АД ЗИК „Градиште“ и земјоделски инженер во земјоделска аптека „Калемар комерц“ ДООЕЛ.

Мојот рецепт за успех се состои од: Визија, упорност, неуморна работа и пасија кон она што го работиме, знаење од различни сфери и области и на сето тоа да останеме човечни.

Најголеми предизвици на патот до успехот ми беа: Обично не сум почувствувала некои тешкотии или тоа биле некои мали и незанемарливи. Можам да кажам дека секогаш беа т.н. „ублажени”, бидејќи имав неизмерна поддршка како од најблиските, така и од професорите.  Можеби како поголеми пречки би ги издвоила прашањата од типот „Зошто баш тој факултет?” или „Зошто тоа да го работиш?”, како и прашањето кое си го поставував себеси „Дали мојот избор е правилен?”, но нив ги сметам како мотивација, а не како предизвик.

Со УГД се дружев: Четири студиски години од кои имам многу позитивно искуство од аспект на добивање знаење како и дружба, познанства и конекции.

Факултетот и насоката ги избрав затоа што: 

Јас лично, земјоделството и останатите природни науки ги гледам како поприоритетни за човештвото. Земјоделството е жива наука која ќе постои сè додека постои и човекот. Енологијата како гранка на земјоделството посебно ме заинтригира поради можноста за проучување на виното не само од аналитички аспект, туку и од сензорен каде што буквално ни е дозволена бескрајна компарација и игра на зборови со истото уживајќи во неговата хармоничност и убавина. Свесни сме дека оваа наука сама по себе е доста ретка и барана, барем така е во нашата држава, а тоа беше уште една причина плус за да го одберам понеобичното.

Како клучна предност на студиите на УГД ги издвојувам: 

Дигитализацијата на целиот систем и начин на работа, достапноста и комуникацијата со професорите во кое било време, здобивање со нови и корисни знаења како во теоретска така и во практична настава, давање акцент и посветување повеќе кон праксата како и избор на доста места каде што истата може да се извршува. Понатаму, одржување на бројни конференции, наставно-научни совети, натпревари и разни проекти на коишто студентите имаат можност да учествуваат, а со тоа и да го збогатат своето знаење и ширење познанства со луѓе, професионалци во различни фели, како во рамките на нашата држава, така и пошироко.

Праксата на УГД, како составен дел од студиите, ја остварив во:

АД ЗИК Градиште, Куманово.

Од студиите на УГД за развој на успешна кариера најмногу ми помогна:  

Постојаната комуникација и несебично споделување на знаењата од страна на целиот колектив на УГД. Исто така, огромна предност е високоспецијализираната и акредитирана лабораторија „УНИЛАБ” со која поседува Универзитетот „Гоце Делчев”, а која имате можност слободно да ја посетите и да направете какво било испитување за кое ќе ви помогне стручен и специјализиран тим. Како следна и не помалку битна предност би ги издвоила и препораките кои секогаш ги добивате од страна на професорите, дали станува збор за работна позиција, продолжување на студии или слично, проследени со огромна поддршка и мотивација за истите.

Совет за младите како идни студенти:

Посветете се кон она што навистина ве исполнува и правете го тоа со љубов и ентузијазам. Само така ќе имате успешен почеток кон патот на успехот. Пречките и предизвиците нека ви бидат само мотивација и доказ дека вашиот лимит не е до таму, туку многу повеќе од тоа. Понатаму, искуството ќе ве научи дека не е целта само освојување на успехот, туку и негово одржување и жед за освојување нови граници.

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.  

Адреса: ул. „Гоце Делчев“ бр. 89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија



Студентски прашања

Штип/Прилеп - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

 

Template Settings

Color

For each color, the params below will give default values
Blue Red Cyan Green Orange

Body

Background Color
Text Color

Background

Patterns for Layour Style: Boxed
Layout Style
Select menu