Проф. д-р Магдалена Биесага од Универзитетот во Варшава, во рамки на CEEPUS мрежата Teaching and Learning Bioanalysis, во периодот од 5 до 9 мај 2025 престојуваше на Земјоделски факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип.
Професорката Биесага оствари работна средба со наставничкиот кадар на Земјоделски факултет и ги посети лабораториските капацитети со кои располага факултетот.
Предавањето за студентите, професорите и сите заинтересирани страни се одржи на 7 мај 2025 г. (среда) во 12 ч. во свечената сала на Земјоделски факултет.
Предавањето беше на тема „Determination of polyphenols in food – aspects of their stability during sample preparation“, а истото беше од особено значење за докторандите на студиската програма Енологија, како и за колегите во Одделението за контрола на квалитет на вино.
Овие престои се од исклучително значење за размена на контакти, идеи и можности за нови проектни апликации, како и претставување на условите за истражување на Земјоделскиот факултет.