Во периодот од 25 до 27 април 2025 година се одржа 11. Интернационална конференција „Нови трендови во хемијата“ (ICNTC 2025) во Болоња, Италија.
Проф. д-р Биљана Балабанова реализираше активно учество со усно излагање на тема „Предизвици во ICP-MS анализата на елементните загадувачи во фармацевтските производи: методолошки и аналитички аспекти“.
Оваа Конференција ги обединува водечките експерти и истражувачи од различни области на хемијата, што ја прави одлична можноста за учесниците да се запознаат со најновите трендови, иновации и напредок во хемиските и аналитичките дисциплини. Конференцијата претставува исклучителна можност за унапредување на професионалните знаења, како и можност за отворање на нови идни институционални соработки. Дополнителни информации за научните излагања може да се најдат на следнава веб-страница https://icntcconference.com/