Последниот ден (14.11.2024 г.) од „Деновите на млади истражувачи“ беше посветен на дебатата со тема: Младите во земјоделското производство.

Ангела Живачки, агроном и млад истражувач во АгФутура Технологии, успешно ги водеше нашите млади соговорници во дебатата со која сакавме да го потенцираме значењето на производството на храна и како нашите тековни и идни студенти го пронашле своето идеално вработување.

Нашите тековни студенти Христијан Ристоманов и Радица Андонова, студенти во четврта година на Земјоделскиот факултет во НЦ - Струмица, имаа свое обраќање за изборот на факултетот и студирањето, а воедно и за учествувањето во семејниот агро-бизнис. Христијан и Радица се стипендисти на посебната стипендија наменета за студенти на земјоделските науки во соработка на двете Министерства (МОН и МЗШВ), во износ од 18.000 ден. месечна стипендија во времетраење од 9 месеци.

Јован Трајковски, компанија Агростарт и Клечовце од Куманово, го потенцираше фактот за сѐ поголемата потреба од едуцирани инженери агрономи за кои се нуди сигурно место на пазарот на трудот.

Марио Петковски, Раководител на сектор - Советување и едукација во земјоделството, во своето обраќање до студентите, се наврати на периодот од изборот на факултетот, начинот на студирање, ЕРАЗМУС - престоите во Португалија и Шпанија, првото работно искуство до моментот на стекнување искуство во АгФутура Технологии.

Филип Камчев, сопственик на Винарија „Киево“, исто така, имаше искрено споделување на своето искуство, од времето на факултетските денови и размената на искуство со ЕРАЗМУС - престојот во Португалија, како и за моментите на работа на сопствените лозови насади и производство на сопствен производ во Винарија „Киево“.

Одличната дебата и искрено споделените искуства е мотивација за нашите тековни студенти да ги искористат сите можности кои им ги нуди факултетот и агро-бизнис секторот.

Свое обраќање и можност за отворена компанија пред присутните студенти имаше и директорот на МИК - Свети Николе, Алексиос Зисиос (This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. / www.e-mik.mk). На сите заинтересирани студенти им беше понудена можност за практична настава и вработување.

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.  

Адреса: ул. „Гоце Делчев“ бр. 89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија



Студентски прашања

Штип/Прилеп - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

 

Template Settings

Color

For each color, the params below will give default values
Blue Red Cyan Green Orange

Body

Background Color
Text Color

Background

Patterns for Layour Style: Boxed
Layout Style
Select menu