Деновиве повторно се актуализира прашањето со појавата на болеста африканска чума кај свињите на територијата на Република Северна Македонија. Ново жариште на болеста е една од најголемите фарми за производство на свињи во околината на Штип, која задоволува 20% од потребите за свинско месо на пазарите ширум државата.
Read more ...Home
Во периодот од 18 до 20 септември 2023 година на Земјоделски факултет при Универзитет во Нови Сад, Република Србија, се одржа Меѓународниот симпозиум за сточарство (ISAS 2023). На Симпозиумот учествуваа научни работници од 20 земји од регионот и пошироко. Во рамки на Симпозиумот се одржаа пленарни предавања на актуелни теми поврзани со улогата на Европската организација за животни (ЕААП) во поддршката на сточарското производство, употребата на инфрацрвената спектроскопија во подобрување на здравјето на молзните крави, воведување на геномската селекција во одгледувачките програми во сточарството, позитивен и негативен концепт во благосостојбата на животните, употреба на адитиви во исхраната на преживните животни.
Read more ...Во рамките на меѓууниверзитетската соработка помеѓу Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола, потпишан е Договор за соработка меѓу две факултетски единици, Земјоделски факултет при УГД и Факултет за биотехнички науки при УКЛО.
Read more ...Во рамките на билатералниот проект „Оксидомикс, поддржан развој на квалитет на ладноцедени масла богати со антиоксиданти со усовршување на производствениот процес“ под раководство на проф. д-р Сања Костадиновиќ-Величковска, во периодот од 21 до 25 август 2023 год. Земјоделски факултет беше домаќин на колеги од билатералната страна, Виена.
Read more ...