Разбирање на земјоделските науки
Имајќи ја предвид секојдневната потреба од храна, грижата за здравјето на луѓето, животните и растенијата и квалитетот на животната средина од аспект на земјоделското производство, како и се поголемата потреба од инженери агрономи, Земјоделскиот факултет постојано работи во насока на акредитирање студиски програми кои се барани на пазарот на трудот, но и спроведување соодветни обуки и конекција на студентите со фирми за да може уште за време на студирањето секој студент да го пронајде својот интерес и желба за работа по дипломирањето.
Земјоделскиот факултет работи интензивно на проширување на договорите за соработка со компании во нашата држава, каде што студентите ќе ја реализираат практичната настава и каде што ќе можат да го надградат своето стекнато теоретско знаење со пракса во реален сектор.
Можности за кариера
Студирањето на Земјоделски факултет ви отвора огромен број можности за кариера и напредок:- Сопствена земјоделска аптека
- Советодавен центар за земјоделци
- Индустрија за производство на пестициди
- Фитосанитарна управа
- Различни сектори во МЗШВ
- Научноистражувачки лаборатории
- Компании за полјоделско производство
- Компании за производство на семе
- Приватни тела за сертификација на органско производство
- Компании во секторот лозарство и винарство
- Индустрии за преработка на млеко, месо, конзервна индустрија
- Лабораторија за контрола на безбедноста на храната
- Компании за in vitro производство на растенија
- Комерцијални и истражувачки земјоделски лаборатории
- Консултанти во секторот на растителна биотехнологија