Земјоделскиот факултет во рамките на својата наставна дејност, изведувана во матичниот наставен центар во Штип, како и на дисперзираните студии во Кавадарци и Струмица, е посветен на високообразовна и научноистражувачка дејност во областа на заштитата на растенијата, полјоделството, биотехнологијата, безбедноста на храната, селекцијата и генетиката, градинарството, како и лозарството и винарството. Особено место на изучување на Земјоделскиот факултет е и природната научна дисциплина биологија, за сите студенти љубители и почитувачи на природата и лабораториската работа.
Со својата мултидисциплинарност Земјоделскиот факултет е отворен за сите заинтересирани студенти, кои сакаат да се пронајдат во некоја од студиските програми на прв циклус студии или, пак, да се усовршат во некоја од студиските програми на втор односно трет циклус студии.
Модерниот начин на студирање со примена на современи педагошки методи, комплетната достапност до информации, достапноста на наставничкиот кадар, се дополнителни причини да зачекорите кон академската средина на Земјоделски факултет.
Студирањето на Земјоделскиот факултет ќе ви овозможи стекнување на многу теоретско, практично и лабораториско знаење и искуство, проследени со одлична меѓусебна дружба и нови пријателства.
Институција во која имате отворени можности и исклучително амбициозна средина, која секогаш е одличен избор!
Бидете дел од семејството на Земјоделски факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип!

















