Search

Постдипломски студии (втор циклус)

Студиски програми

Преку програмите од Втор циклус на студии на Земјоделски  факултет во Штип на дипломираните студенти од прв циклус им се овозможува понатамошно усовршување и тесна специјализација во избраната област од земјоделските науки.  Наставните програми од вториот циклус на студии се осмислени и создадени за да одговорат на потребите за потесна специјализација на знаењето во областите на фитомедицината, одржливото растително производство, безбедноста на храната, растителната биотехнологија, лозарството, енологијата, науката за земјиштето и хидрологијата.

Со завршувањето на овие студии, вие се стекнувате со назив Магистер по земјоделски науки (од соодветната област), по што ви се отвораат можности за напредок во кариерата, како и за работа во атрактивни домашни и странски компании.

Двегодишни студиски програми (120 ектс)

Студиската програма Фитомедицина – заштита на растенијата се реализира во траење од две години, четири семестри. 

Со завршувањето на двегодишните студии од втор циклус на студиската програма Фитомедицина – заштита на растенијата студентите стекнуваат 120 ЕКТС. На втор циклус студии може да се запишат кандидати со завршен прв циклус студии и освоени 180 кредити, според ЕКТС, од тригодишните студиски програми, или освоени 240 кредити, според ЕКТС, од четиригодишните студиски програми. 

Стекнатата диплома по Фитомедицина – заштита на растенијата е меѓународно призната.

  1. Општа фитопатологија
  2. Општа ентомологија
  3. Бактериологија
  4. Микологија 1
  5. Специјална ентомологија
  6. Основи на фитофармација
  7. Вирологија
  8. Отпорност на растенијата
  9. Нематологија
  10. Фитофармација
  11. Анатомија и физиологија на болните растенија
  12. Хербологија
  13. Биолошка заштита
  14. Лабораториска практика 1
  15. Лабораториска практика 2

Студиската програма од втор циклус по Фитомедицина – заштита на растенијата на студентот му обезбедуваат компетенции и методолошки вештини во повеќе научни области и го квалификуваат да работи независно во својата професија како Магистер по заштита на растенијата. Ова студиска програма од втор циклус на студии според содржината и резултатите од учењето го воведува студентот во академските дисциплини во повеќе научни области преку вклучување на теории и методи за да може да се стекне со широки академски знаења, компетенции и вештини во областа на заштитата на растенијата.  

Студиската програма му овозможува на студентот да добие академски знаења, теоретски и методолошки квалификации, коишто ќе го оспособат за самостојно идентификување, формулирање и решавање на сложени проблеми од областа на заштитата на растенијата. Стекнатите неопходни основни вештини може да ги применува за практикување на професијата на одредени стручни работни места како магистер по заштита на растенијата, како и за влез во третиот циклус на академски студии од областа и/или сродни научни дисциплини.

Покажува знаење и разбирање за научното поле на проучување (или студирање), кое се надградува врз првиот циклус, применувајќи методологии соодветни за решавање сложени проблеми, како на систематски, така и на креативен начин, што обезбедува основа или можност за оригиналност во развивањето и/или примената на автономни идеи во контекст на истражувањето.

Способност за употреба на проширено и продлабочено знаење.

Покажува високо ниво на професионална компетентност во едно или повеќе специфични научни полиња.

Поседува знаење од една или повеќе предметни области, кои се базираат на најреномирани меѓународни истражувања во дадените научни полиња.

  • Вработен или сопственик на земјоделска аптека
  • Сопствен советодавен центар за земјоделци
  • Индустрија за производство на пестициди
  • Различни сектори во МЗШВ
  • Компании за дистрибуција и производство на средства за заштита на растенијата
  • Земјоделски консултантски компании
  • Агрохемиски компании
  • Компании за производство на семиња и растенија
  • Дијагностички земјоделски лаборатории
  • Земјоделски истражувачки центри/институти

Студиската програма Поледелско производство се реализира во траење од две години, четири семестри. 

Со завршување на двегодишните студии од втор циклус на студиската програма Поледелско производство студентите стекнуваат 120 ЕКТС. На втор циклус студии може да се запишат кандидати со завршен прв циклус студии и освоени 180 кредити според ЕКТС од тригодишните студиски програми, или освоени 240 кредити според ЕКТС од четиригодишните студиски програми. 

Стекнатата диплома по Поледелско производство е меѓународно призната.

ДЕЛ ОД НОСЕЧКИТЕ ПРЕДМЕТИ

  1. Општо поледелство
  2. Селекција и семепроизводство во поледелството
  3. Органско производство
  4. Основи на ГМО
  5. Преработка на поледелски производи
  6. Производство на расад
  7. Штетници во поледелското производство
  8. Заштита од болести во поледелството
  9. Житни растенија
  10. Индустриски растенија
  11. Легуминозни и фуражни растенија
  12. Клубенести растенија
  13. Алтернативни растенија
  14. Маслодавни растенија
  15. Тутун и преработка на тутун
  16. Механизација во поледелското производство 
  17. Процесна техника во поледелското производство
  • Способност да се идентификуваат поледелските култури
  • Способност за организирање и извршување на работата на земјоделски површини 
  • Способност да се спроведат студии кои вклучуваат различни агротехнички мерки во поледелското производство 
  • Способност да се анализираат проблемите со контролата на различните фенофази на раст кај поледелските култури и да се дадат соодветни решенија за нив.
  • Вработен или сопственик на земјоделска компанија за поледелско производство
  • Сопствен советодавен центар за земјоделци
  • Компании за производство и дистрибуција на семе и семенски материјал
  • Компании за производство на медицински канабис
  • Приватни тела за сертификација на органско производство
  • Различни сектори во МЗШВ
  • Компании за дистрибуција и производство на средства за заштита на растенија
  • Земјоделски консултантски компании
  • Дијагностички земјоделски лаборатории
  • Земјоделски истражувачки центри/институти

Студиската програма Селекција и семепроизводство се реализира во траење од две години, четири семестри. 

Со завршувањето на двегодишните студии од втор циклус на студиската програма Селекција и семепроизводство студентите стекнуваат 120 ЕКТС. На втор циклус студии можат да се запишат кандидати со завршен прв циклус студии и освоени 180 кредити според ЕКТС од тригодишните студиски програми, или освоени 240 кредити според ЕКТС од четиригодишните студиски програми. 

Стекнатата диплома по Селекција и семепроизводство е меѓународно призната.

ДЕЛ ОД НОСЕЧКИТЕ ПРЕДМЕТИ

  • Квантитативна генетика
  • Цитогенетика
  • Селекција на растенијата
  • \Селекција на поледелските култури
  • Селекција на градинарските култури
  • Селекција на виновата лоза
  • Одбрани поглавја од физиологијата на растенијата
  • Селекција и семенарство во органското производство
  • Способност да се идентификуваат поледелските култури
  • Способност за организирање и извршување на работата на земјоделски површини 
  • Способност да се спроведат студии кои вклучуваат различни агротехнички мерки во поледелското производство 
  • Способност да се анализираат проблемите со контролата на различните фенофази на раст кај поледелските култури и да се дадат соодветни решенија за нив.
  • Вработен или сопственик на земјоделска компанија за поледелско производство
  • Сопствен советодавен центар за земјоделци
  • Компании за производство и дистрибуција на семе и семенски материјал
  • Компании за производство на медицински канабис
  • Приватни тела за сертификација на органското производство
  • Различни сектори во МЗШВ
  • Компании за дистрибуција и производство на средства за заштита на растенијата
  • Земјоделски консултантски компании
  • Дијагностички земјоделски лаборатории
  • Земјоделски истражувачки центри/институти

Студиската програма Растителна биотехнологија се реализира во траење од две години, четири семестри. Со завршувањето на двегодишните студии од втор циклус на студиската програма Растителна биотехнологија студентите стекнуваат 120 ЕКТС. На втор циклус студии можат да се запишат кандидати со завршен прв циклус студии и освоени 180 кредити според ЕКТС од тригодишните студиски програми, или освоени 240 кредити според ЕКТС од четиригодишните студиски програми. 

Стекнатата диплома по Растителна биотехнологија е меѓународно призната.

ДЕЛ ОД НОСЕЧКИТЕ ПРЕДМЕТИ

  • Биотехнологија и биосигурност
  • Молекуларна биологија
  • Методи во биохемиско-физиолошки истражувања
  • Одбрани поглавја за ГМО
  • Растителни регулатори на раст
  • Култура на растителни ткива и клетки
  • Модел-растенија во растителната биотехнологија
  • Основи на цитогенетиката
  • Знаења во поглед на генетската специфичност на одделни растителни видови.
  • Способност за примената на класичните и современите биотехнолошки методи во современата селекција на растенијата.
  • Способност за создавање нови генотипови и подобрување на веќе постојните генотипови кај одредени земјоделски култури.
  • Способност за собирање, оценување, анализа и презентирање на информации за релевантни биотехнолошки податоци во земјоделството.
  • Стручна примена на разни методи и технологии за производство на култура на ткива и клетки
  • Способност за примена на методи за култура на ткива и клетки
  • Знаење и примена на релевантните прописи и регулативи во растителната биотехнологија
  • Напредно имплементирање на in vitro лабораториски методи
  • Компании за in vitro производство на растенија
  • Сопствен бизнис за in vitro производство на растенија
  • Комерцијални и истражувачки земјоделски лаборатории
  • Консултант за бизниси во секторот растителна биотехнологија
  • Државни или приватни институции во секторот земјоделство
  • Научно-истражувачка работа

Студиската програма Лозарство се реализира во траење од две години, четири семестри. 

Со завршување на двегодишните студии од втор циклус на студиската програма Лозарство студентите стекнуваат 120 ЕКТС. На втор циклус студии можат да се запишат кандидати со завршен прв циклус студии и освоени 180 кредити според ЕКТС од тригодишните студиски програми, или освоени 240 кредити според ЕКТС од четиригодишните студиски програми. 

Стекнатата диплома по Лозарство е меѓународно призната.

ДЕЛ ОД НОСЕЧКИТЕ ПРЕДМЕТИ

  • Технологии за производство на саден материјал
  • Познавање на почви за одгледување на винова лоза
  • Вински сорти грозје
  • Технологии за производство на вино
  • Заштита на виновата лоза 2
  • Системи на одгледување на виновата лоза
  • Технологии во производството и чувањето на трпезното грозје
  • Преработки и производи од грозје
  • Солидно познавање за управување на земјишта со лозови насади.
  • Солидно познавање на карактеристиките, својствата и опасностите во производството на виновата лоза.
  • Солидно познавање на релевантните прописи во лозарството и винарството. 
  • Стручно да користат различни методи и технологии за производство на вино.
  • Стручно познавање на контролата на квалитетот на виното
  • Компании за in vitro производство на растенија
  • Сопствен бизнис за in vitro производство на растенија
  • Комерцијални и истражувачки земјоделски лаборатории
  • Консултант за бизниси во секторот растителна биотехнологија
  • Државни или приватни институции во секторот земјоделство
  • Научно-истражувачка работа

Студиската програма Безбедност на храната се реализира во траење од две години, четири семестри. 

Со завршувањето на двегодишните студии од втор циклус на студиската програма Безбедност на храната студентите стекнуваат 120 ЕКТС. На втор циклус студии можат да се запишат кандидати со завршен прв циклус студии и освоени 180 кредити според ЕКТС од тригодишните студиски програми, или освоени 240 кредити според ЕКТС од четиригодишните студиски програми. 

Стекнатата диплома по Безбедност на храната е меѓународно призната.

ДЕЛ ОД НОСЕЧКИТЕ ПРЕДМЕТИ

  • Микробиолошки опасности од храна
  • Конзерви од месо
  • Контрола на квалитетот на анимални производи
  • Хемиски опасности од храната
  • Микробиологија на храната
  • Законски регулативи за контрола и безбедност на храната
  • Контрола на квалитет на масло
  • Токсикоинфекции и интоксикации од храна
  • Познавање на основите на производството на храна од растително и животинско потекло;
  • Концепт на квалитет и безбедност во производството на храна;
  • Безбедност на суровините за производството на храна;
  • Технологија на производството на квалитетна и безбедна храна;
  • Системи за контрола на квалитетот и опасностите во храната (физички, хемиски и биолошки опасности);
  • Заштита на животната средина и агроекосистемите;
  • Лабораториски вештини за анализа на храната;
  • Менаџер за квалитет и безбедност во прехранбената индустрија;
  • Консултантски компании за воведување на системи за квалитет и безбедност на храната, и сертификациони фирми;
  • Образовни институции;
  • Истражувачки и развојни институции;
  • Државни институции задолжени за квалитетот и безбедноста на храната;
  • Невладин сектор (Организација на потрошувачи);
  • Рурален развој и промоција на традиционалните прехранбени производи;
  • Органско производство на безбедна храна.

Студиската програма Енологија се реализира во траење од две години, четири семестри. 

Со завршувањето на двегодишните студии од втор циклус на студиската програма Енологија студентите стекнуваат 120 ЕКТС. На втор циклус студии можат да се запишат кандидати со завршен прв циклус студии и освоени 180 кредити според ЕКТС од тригодишните студиски програми, или освоени 240 кредити според ЕКТС од четиригодишните студиски програми. 

Стекнатата диплома по Енологија е меѓународно призната.

ДЕЛ ОД НОСЕЧКИТЕ ПРЕДМЕТИ

  • Технологии за производство на вино
  • Вински сорти грозје
  • Сензорна евалуација на виното
  • Законски регулативи во лозарството и винарството
  • Методи за контрола на квалитет на грозје и вино
  • Квасци и алкохолна ферментација
  • Инструментална анализа на грозје и вино
  • Дизајн на винарска визба

Менаџирање на производството на вино: Водење и контрола на технолошките постапки во производството на вино, контрола на квалитетот на виното, организација на винарска визба.

Менаџирање на квалитетот: Познавања во областа на подобрувањето на сортиментот преку различни методи на создавање нови сорти, познавања на современи аналитички методи за контрола на квалитетот на грозје и вино.

Критичка анализа: Способност за анализа на состојбите во винарството, развој и унапредување на технолошките постапки за производство на квалитетно грозје и вино, базирана на стручни и истражувачки проучувања.

Комуникација: Силни комуникациски вештини, вклучувајќи добра писмена и вербална комуникација за презентирање на идеи, проблеми и решенија од областа на технологиите на производство на грозје, лозов саден материјал и производство на различни типови на вина и нивна карактеризација. 

Енолог: Одговорен за производство на вино, учествува во сите процеси на производство, ги следи новите трендови во винарството.

Главен енолог: Одговорен за производство на вино, учествува во производството, дава насоки и предлози, решава тековни проблеми во винарската визба, ги следи новите трендови во винарството.

Менаџер во винарска визба: Одговорен за целокупната работа на винарската визба, развива и спроведува планови за нови вински линии и стилови.

Менаџер за енолошки средства: Промовира и продава енолошки средства, ги следи новите трендови во винарството.

Менаџер во енолошка лабораторија: Одговорен за спроведување хемиски и сензорни анализи на вино, поставува, развива и применува нови методи.

Студиската програма Наука за земјиштето и хидрологија се реализира во траење од две години, четири семестри. 

Со завршување на двегодишните студии од втор циклус на студиската програма Наука за земјиштето и хидрологија студентите стекнуваат 120 ЕКТС. На втор циклус студии можат да се запишат кандидати со завршен прв циклус студии и освоени 180 кредити според ЕКТС од тригодишните студиски програми, или освоени 240 кредити според ЕКТС од четиригодишните студиски програми. 

Стекнатата диплома по Наука за земјиштето и хидрологија е меѓународно призната.

  • Потекло и развој на почвата
  • Влијание на климатските промени во поледелското производство
  • Микробиологија на води и почви
  • Почвени проби и анализи
  • Квалитет на површински и подземни води
  • Почвена класификација
  • Физичко-хемиски методи за анализа на води
  • Заштита на природните ресурси во земјоделието
  • Способност за организирање и извршување на работата на земјоделски површини 
  • Способност да се спроведат студии кои вклучуваат различни агротехнички мерки во поледелското производство 
  • Способност да се анализираат проблемите со контролата на различните фенофази на раст кај поледелските култури и да се дадат соодветни решенија за нив.
  • Вработен или сопственик на земјоделска компанија 
  • Сопствен советодавен центар за земјоделци
  • Компании за производство и дистрибуција на семе и семенски материјал
  • Различни сектори во МЗШВ
  • Компании за дистрибуција и производство на средства за заштита на растенија
  • Земјоделски консултантски компании
  • Дијагностички земјоделски лаборатории
  • Земјоделски истражувачки центри/институти

Едногодишни студиски програми (60 ектс)

Студиската програма Фитомедицина – заштита на растенијата се реализира во траење од една година, два семестра. Со завршувањето на едногодишните студии од втор циклус на студиската програма Фитомедицина – заштита на растенијата студентите се стекнуваат со 60 ЕКТС. На втор циклус студии може да се запишат кандидати со завршен прв циклус студии и освоени 240 кредити според ЕКТС – четиригодишните студиски програми. 

Стекнатата диплома по Фитомедицина – заштита на растенијата е меѓународно призната.

  1. Фитопатологија 2 
  2. Ентомологија 2
  3. Хербологија 2
  4. Молекуларна биологија
  5. Отпорност на растенијата
  6. Фитофармација
  7. Биолошка заштита
  8. Бактериологија 2
  9. Вирологија 2
  10. Микологија 2

Студиската програма од втор циклус по Фитомедицина – заштита на растенијата на студентот му обезбедува компетенции и методолошки вештини во повеќе научни области и го квалификува да работи независно во својата професија, како Магистер по заштита на растенијата. Ова студиската програма од втор циклус на студии според содржината и резултатите од учењето го воведува студентот во академските дисциплини во повеќе научни области, преку вклучување на теории и методи за да може да се стекне со широки академски знаења, компетенции и вештини во областа на заштитата на растенијата.  

Студиската програма му овозможува на студентот да добие академски знаења, теоретски и методолошки квалификации, коишто ќе го оспособат за самостојно идентификување, формулирање и решавање на сложени проблеми од областа на заштитата на растенијата. Стекнатите неопходни основни вештини може да ги применува за практикување на професијата на одредени стручни работни места како магистер по заштита на растенијата, како и за влез во третиот циклус на академски студии од областа и/или сродни научни дисциплини.

  • Вработен или сопственик на земјоделска аптека
  • Сопствен советодавен центар за земјоделци
  • Индустрија за производство на пестициди
  • Различни сектори во МЗШВ
  • Компании за дистрибуција и производство на средства за заштита на растенија
  • Земјоделски консултантски компании
  • Агрохемиски компании
  • Компании за производство на семиња и растенија
  • Дијагностички земјоделски лаборатории
  • Земјоделски истражувачки центри/институти

Студиската програма Одржливо растително производство се реализира во траење од една година, два семестра. Со завршувањето на едногодишните студии од втор циклус на студиската програма Одржливо растително производство студентите стекнуваат 60 ЕКТС. На втор циклус студии може да се запишат кандидати со завршен прв циклус студии и освоени 240 кредити според ЕКТС од четиригодишните студиски програми. 

Стекнатата диплома по Одржливо растително производство е меѓународно призната.

  • Принципи на одржливото растително производство
  • Одржливо семепроизводство и селекција
  • Заштита во одржливото растително производство
  • Алтернативни поледелски култури
  • Одржливо градинарско производство
  • Одржливо производство на житни култури
  • Интегрално производство на индустриски и фуражни култури
  • Познавање на почвите за одржливо растително производство
  • Способност да се идентификуваат поледелските култури
  • Способност за организирање и извршување на работата на земјоделски површини 
  • Способност да се спроведат студии кои вклучуваат различни агротехнички мерки во поледелското производство 
  • Способност да се анализираат проблемите со контролата на различните фенофази на раст кај поледелските култури и да се дадат соодветни решенија за нив.
  • Вработен или сопственик на земјоделска компанија за поледелско производство
  • Сопствен советодавен центар за земјоделци
  • Компании за производство и дистрибуција на семе и семенски материјал
  • Компании за производство на медицински канабис
  • Приватни тела за сертификација на органско производство
  • Различни сектори во МЗШВ
  • Компании за дистрибуција и производство на средства за заштита на растенија
  • Земјоделски консултантски компании
  • Дијагностички земјоделски лаборатории
  • Земјоделски истражувачки центри/институти

Студиската програма Растителна биотехнологија се реализира во траење од една година, два семестра. Со завршување на едногодишните студии од втор циклус на студиската програма Растителна биотехнологија студентите се стекнуваат со 60 ЕКТС. На втор циклус студии можат да се запишат кандидати со завршен прв циклус студии и освоени 240 кредити, според ЕКТС, од четиригодишните студиски програми. 

Стекнатата диплома по Растителна биотехнологија е меѓународно призната.

  • Одбрани поглавја од физиологијата на растенијата 
  • Одбрани поглавја од биотехнологијата на растенијата
  • Биотехнологија и биосигурност
  • Молекуларна биологија
  • Лабораториска практика во растителната биотехнологија
  • Култура на растителни ткива и клетки
  • Модел-растенија во растителната биотехнологија
  • Биохемија на растенијата
  • Одбрани поглавја за ГМО
  • Молекуларна селекција
  • Знаења во поглед на генетската специфичност на одделни растителни видови.
  • Способност за примената на класичните и современите биотехнолошки методи во современата селекција на растенијата.
  • Способност за создавање нови генотипови и подобрување на веќе постојните генотипови кај одредени земјоделски култури.
  • Способност да собирање, оценување, анализа и презентирање на информации за релевантни биотехнолошки податоци во земјоделството.
  • Стручно користење на различни методи и технологии за производство на култура на ткива и клетки
  • Способност за примена на методи за култура на ткива и клетки
  • Знаење и примена на релевантните прописи и регулативи во растителната биотехнологија
  • Напредно имплементирање на in vitro лабораториски методи
  • Компании за in vitro производство на растенија
  • Сопствен бизнис за in vitro производство на растенија
  • Комерцијални и истражувачки земјоделски лаборатории
  • Консултант за бизниси во секторот растителна биотехнологија
  • Државни или приватни институции во секторот земјоделство
  • Научно-истражувачка работа

Студиската програма Лозарство се реализира во траење од една година, два семестра. 

Со завршување на едногодишните студии од втор циклус на студиската програма Лозарство студентите се стекнуваат со 60 ЕКТС. На втор циклус студии можат да се запишат кандидати со завршен прв циклус студии и освоени 240 кредити, според ЕКТС, од четиригодишните студиски програми. 

Стекнатата диплома по Лозарство е меѓународно призната.

  • Ампелографија (одбрани поглавја)
  • Технологии за производство на саден материјал
  • Заштита на виновата лоза 2
  • Познавање на почви за одгледување на винова лоза
  • Одбрани поглавја од физиологијата на растенијата
  • Технологии во производството и чувањето на трпезното грозје
  • Преработки и производи од грозје
  • Органско производство на грозје
  • Законски регулативи во лозарството и винарството
  • Солидно познавање за управување на земјишта со лозови насади.
  • Солидно познавање на карактеристиките, својствата и опасностите во производството на виновата лоза.
  • Солидно познавање на релевантните прописи во лозарството и винарството. 
  • Стручна примена на различни методи и технологии за производство на вино.
  • Стручно познавање на контролата на квалитетот на виното
  • Компании за in vitro производство на растенија
  • Сопствен бизнис за in vitro производство на растенија
  • Комерцијални и истражувачки земјоделски лаборатории
  • Консултант за бизниси во секторот растителна биотехнологија
  • Државни или приватни институции во секторот земјоделство
  • Научно-истражувачка работа

Студиската програма Безбедност на храната се реализира во траење од една година, два семестра. 

Со завршувањето на едногодишните студии од втор циклус на студиската програма Безбедност на храната студентите стекнуваат 60 ЕКТС. На втор циклус студии можат да се запишат кандидати со завршен прв циклус студии и освоени 240 кредити, според ЕКТС, од четиригодишните студиски програми. 

Стекнатата диплома по Безбедност на храната е меѓународно призната.

  • Физичко-хемиски опасности во храната
  • Биолошки опасности во храната
  • Квалитет и безбедност на млекото и производите од млеко
  • Квалитет и безбедност на месото и производите од месо
  • Квалитет и безбедност на преработките од овошје и зеленчук
  • Системи за квалитет и безбедност на храната
  • Лабораториски методи за контрола на храната
  • Познавање на основите за производството на храна од растително и животинско потекло;
  • Концепт на квалитет и безбедност во производството на храна;
  • Безбедност на суровините за производство на храна;
  • Технологија на производството на квалитетна и безбедна храна;
  • Системи за контрола на квалитетот и опасностите во храната (физички, хемиски и биолошки опасности);
  • Заштита на животната средина и агроекосистемите;
  • Лабораториски вештини за анализа на храната;
  • Менаџер за квалитет и безбедност во прехранбената индустрија;
  • Консултантски компании за воведување на системи за квалитет и безбедност на храната, и сертификациони фирми;
  • Образовни институции;
  • Истражувачки и развојни институции;
  • Државни институции задолжени за квалитетот и безбедноста на храната;
  • Невладин сектор (Организација на потрошувачи);
  • Рурален развој и промоција на традиционалните прехранбени производи;
  • Органско производство на безбедна храна.

Студиската програма Енологија се реализира во траење од една година, два семестра. 

Со завршувањето на едногодишните студии од втор циклус на студиската програма Енологија студентите стекнуваат 60 ЕКТС. На втор циклус студии можат да се запишат кандидати со завршен прв циклус студии и освоени 240 кредити според ЕКТС од четиригодишните студиски програми. 

Стекнатата диплома по Енологија е меѓународно призната.

  • Општа енологија
  • Технологии за производство на вино
  • Сензорна евалуација на вино
  • Ампелографија (одбрани поглавја)
  • Методи за контрола на квалитет на грозје и вино
  • Практична работа во лозарството и винарството
  • Квасци и алкохолна ферментација
  • Маркетинг и промоција на грозје и вино

Менаџирање на производството на вино: Водење и контрола на технолошки постапки во производството на вино, контрола на квалитетот на виното, организација на винарска визба.

Менаџирање на квалитетот: Познавања во областа на подобрување на сортиментот преку различни методи на создавање нови сорти, познавања на современи аналитички методи за контрола на квалитетот на грозјето и виното.

Критичка анализа: Способност за анализа на состојбите во винарството, развој и унапредување на технолошки постапки за производство на квалитетно грозје и вино, базирана на стручни и истражувачки проучувања.

Комуникација: Силни комуникациски вештини, вклучувајќи добра писмена и вербална комуникација за презентирање на идеи, проблеми и решенија од областа на технологиите на производство на грозје, лозов саден материјал и производство на различни типови на вина и нивна карактеризација. 

Енолог: Одговорен за производство на вино, учествува во сите процеси на производството, ги следи новите трендови во винарството.

Главен енолог: Одговорен за производство на вино, учествува во производството, дава насоки и предлози, решава тековни проблеми во винарската визба, ги следи новите трендови во винарството.

Менаџер во винарска визба: Одговорен за целокупната работа на винарската визба, развива и спроведува планови за нови вински линии и стилови.

Менаџер за енолошки средства: Промовира и продава енолошки средства, ги следи новите трендови во винарството.

Менаџер во енолошка лабораторија: Одговорен за спроведување хемиски и сензорни анализи на вино, поставува, развива и применува нови методи.

Претходни акредитации