Search

Докторски студии по Земјоделски науки

(Трет циклус)

Земјоделскиот факултет организира и трет циклус студии од областа на биотехничките науки.
Наука, истражување, поставување и решавање проблеми, достигнувања во областа на земјоделското производство.

Сите досега докторирани студенти на земјоделскиот факултет со гордост го носат називот Доктор на биотехнички науки и наученото го споделуваат и го имплементираат во нашето општество.

Студиски програми за трет циклус студии на Земјоделски факултет

Студиската програма по Фитомедицина – заштита на растенијата, ќе се реализира во траење од три години, шест семестри со 180 ЕКТС како академиски тригодишни студии. 

Рокот за завршување на предвидените активности од студиската програма е регулирано во Статутот на Универзитетот ,,Гоце Делчев“ – Штип. Студентите од III циклус студии имаат право да ги завршат започнатите студии според студиската програма на која се запишале во следниве рокови:

– тригодишни  студии за 5 (пет) години. 

По завршувањето на студиската програма Фитомедицина – заштита на растенијата, студентот се стекнува со 180 ЕКТС.

Студентите кои ќе ја завршат студиската програма се стекнуваат со следното звање: Доктор на биотехнички науки – заштита на растенијата 

  1. Растителна патофизиологија и патохистологија
  2. Отпорност на растенијата кон болести и штетници
  3. Молекуларна дијагностика во заштита на растенијата
  4. Бактериози 3
  5. Вирози 3
  6. Фитофармација 3
  7. Дијагностицирање на резидуи од пестициди
  8. Биолошка заштита 3

Студиската програма од трет циклус по Фитомедицина – заштита на растенијата на студентот му обезбедуваат компетенции и методолошки вештини во повеќе научни области и го квалификуваат да работи независно во својата професија како Доктор на биотехнички науки – заштита на растенијата. Оваа студиска програма од трет циклус на студии според содржината и резултатите од учењето го воведува студентот во академските дисциплини во повеќе научни области преку вклучување на теории и методи со чијашто помош може да се стекне со комплетни академски знаења, компетенции и вештини во областа на заштитата на растенијата.  

  • Индустрија за производство на пестициди
  • Различни сектори во МЗШВ
  • Компании за дистрибуција и производство на средства за заштита на растенија
  • Земјоделски консултантски компании
  • Агрохемиски компании
  • Компании за производство на семиња и растенија
  • Дијагностички земјоделски лаборатории
  • Земјоделски истражувачки центри/институти
  1. Проф. д-р Саша Митрев, редовен професор 
  2. Проф. д-р Душан Спасов, редовен професор 
  3. Проф. д-р Емилија Арсов, редовен професор 

Студиската програма по Растително производство ќе се реализира во траење од три години, шест семестри со 180 ЕКТС, како академиски тригодишни студии.

Рокот за завршување на предвидените активности од студиската програма е регулирано во Статутот на Универзитетот ,,Гоце Делчев“ во Штип. По завршувањето на студиската програма Растително производство, студентот се стекнува со 180 ЕКТС.

Студентите кои ќе ја завршат студиската програма се стекнуваат со следното звање: 

Доктор на биотехнички науки – растително производство

  1. Одржливи системи за растително производство
  2. Органско поледелско производство
  3. Проценка на агроеколошките влијанија
  4. Проблеми и гледишта за системите на одржливо растително производство
  5. Интегрални системи за одгледување на економски значајни растителни култури
  6. Биотехнологија и одржливо растително производство
  7. Анализа и управување со агробиодиверзитет
  8. Семепроизводство во поледелството

Покажува знаење и разбирање во научното поле на студирање кое се надградува врз претходното образование и обука, вклучувајќи и познавање во доменот на теоретски, практични, концептуални, компаративни и критички перспективи во научното поле според соодветна методологија. Разбирање на одредена област и познавање на тековните прашања во врска со научните истражувања и новите извори на знаење. Покажува знаење и разбирање за разни теории, методологии.

  • Покажуваат систематско разбирање на проблемите во областа на растителното производство. 
  • Стекнуваат знаења за компарација на предностите и недостатоците од примената на различните системи за одгледување на житните, индустриските и градинарските култури, базирани на современи научни истражувања во областа. 
  • Стекнуваат највисоки знаења за избор на соодветна методологија за истражување на комплексни параметри и карактеристики на житните, индустриските и градинарските култури. 
  • Покажуваат највисоко знаење за истражување и решавање на проблемите поврзани со нови технологии во растителното производство. 
  • Стекнуваат највисоки знаења за иновативен пристап и менување на производствените системи на различни житни, индустриски и градинарски културни растенија, според специфичните агроеколошки услови. 
  • Стекнуваат знаења за најсовремените статистички методологии и алатки за обработка на податоци. 
  • Покажуваат највисока способност за проширување на знаењето во специфичната научна област што е предмет на истражување.
  • Вработен или сопственик на земјоделска компанија за поледелско производство
  • Сопствен советодавен центар за земјоделци
  • Компании за производство и дистрибуција на семе и семенски материјал
  • Компании за производство на медицински канабис
  • Приватни тела за сертификација на органско производство
  • Различни сектори во МЗШВ
  • Компании за дистрибуција и производство на средства за заштита на растенија
  • Земјоделски консултантски компании
  • Дијагностички земјоделски лаборатории
  • Земјоделски истражувачки центри/институти
  1. Проф. д-р Љупчо Михајлов, редовен професор
  2. Проф. д-р Даниела Тодевска, вонреден професор 

Студиската програма по Генетика и селекција на растителното производство ќе се реализира во траење од три години, шест семестри со 180 ЕКТС, како академиски тригодишни студии.

Рокот за завршување на предвидените активности од студиската програма е регулирано во Статутот на Универзитетот ,,Гоце Делчев“ во Штип.

По завршувањето на студиската програма Генетика и селекција на растителното производство, студентот се стекнува со 180 ЕКТС.

Студентите кои ќе ја завршат студиската програма се стекнуваат со следното звање: 

Доктор на биотехнички науки – генетика и селекција на растителното производство

  1. Популациона генетика
  2. Принципи во селекцијата и семенарството
  3. Растителни генетски ресурси
  4. Селекција и семепроизводство на житни култури
  5. Селекција и семепроизводство на индустриски култури
  6. Селекција и семепроизводство на градинарски култури
  7. Биолошки и молекуларни маркери во селекцијата
  8. Селекција за органско производство

Покажува знаење и разбирање во научното поле на студирање кое се надградува врз претходното образование и обука, вклучувајќи и познавање во доменот на теоретски, практични, концептуални, компаративни и критички перспективи во научното поле според соодветната методологија. Разбирање на одредена област и познавање на тековните прашања во врска со научните истражувања и новите извори на знаење. Покажува знаење и разбирање за разни теории и методологии.

  • Покажува системско разбирање во поглед на примената на методите на селекција и семепроизводство на растенијата. 
  • Совршено познавање за примената на конвенционалните и современите методи во селекцијата на растенијата. 
  • Применуваат највисоки стандарди во производството на семе.
  • Вработен или сопственик на земјоделска компанија за поледелско производство
  • Сопствен советодавен центар за земјоделци
  • Компании за производство и дистрибуција на семе и семенски материјал
  • Компании за производство на медицински канабис
  • Приватни тела за сертификација на органско производство
  • Различни сектори во МЗШВ
  • Компании за дистрибуција и производство на средства за заштита на растенијата
  • Земјоделски консултантски компании
  • Дијагностички земјоделски лаборатории
  • Земјоделски истражувачки центри/институти

Студиската програма по Растителна биотехнологија, ќе се реализира во траење од три години, шест семестри со 180 ЕКТС како (академиски тригодишни студии).

Рокот за завршување на предвидените активности од студиската програма е регулирано во Статутот на Универзитетот ,,Гоце Делчев“ во Штип.

По завршувањето на студиската програма Растителна биотехнологија студентот се стекнува со 180 ЕКТС.

Студентите кои ќе ја завршат студиската програма се стекнуваат со следното звање: 

Доктор на биотехнички науки – растителна биотехнологија

Имајќи ја предвид сè поголемата потреба од поголемо и поквалитетно количество на храна, како и соодветен пласман на таа храна, оправданоста и потребата од реакредитација на студиската програма од трет циклус студии по Растителна биотехнологија на Земјоделскиот факултет е од големо значење за подигање на нивото и степенот за развојот и одржливост на земјоделието во Република Северна Македонија. Научниот пристап во решавањето на проблемите во биотехничките области во државата е повеќе од оправдан и неопходен особено во последната деценија, со што и нашата држава би можела да фати чекор со современите биотехнолошки методи во производството на растителни продукти.

  1. Модел-растенија во растителната биотехнологија
  2. Биотехнологија и биосигурност
  3. Генетско инженерство кај растенијата
  4. Напредни поглавја од растителната биохемија
  5. Одбрани поглавја за растителните регулатори на раст
  6. Биотехнологија и одржливо растително производство
  7. Одбрани поглавја за растителни генетски ресурси
  8. Методи во современото семепроизводство
  9. Молекуларна дијагностика
  10. Проценка на ризици од ГМО

Покажува знаење и разбирање во научното поле на студирање, кое се надградува врз претходното образование и обука, вклучувајќи и познавање во доменот на теоретски, практични, концептуални, компаративни и критички перспективи во научното поле според соодветна методологија. Разбирање на одредена област и познавање на тековните прашања во врска со научните истражувања и новите извори на знаење. Покажува знаење и разбирање за разни теории, методологии.

  • Покажува системско разбирање во поглед на примената на методите на растителната биотехнологија.
  • Совршено познавање за примената на класичните и современите биотехнолошки методи во земјоделското производство.
  • Применуваат највисоки стандарди во земјоделското производство, користејќи специфични стручни знаења во поглед на генетската специфичност на одделни растителни видови.
  • Компании за in vitro производство на растенија
  • Сопствен бизнис за in vitro производство на растенија
  • Комерцијални и истражувачки земјоделски лаборатории
  • Консултант за бизниси во секторот растителна биотехнологија
  • Државни или приватни институции во секторот земјоделство
  • Научно-истражувачка работа

Студиската програма по Енологија, ќе се реализира во траење од три години, шест семестри со 180 ЕКТС како академиски тригодишни студии, докторски студии. 

Третиот циклус на студии се остварува согласно со закон, Статутот и Правилникот на Универзитетот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на трет циклус студии. Периодот за студирање и истражување се смета за завршен со положување на испитите, објавување на резултатите од истражувањето и успешната одбрана на докторскиот труд/докторската дисертација.

По завршувањето на студиската програма Енологија, студентот се стекнува со 180 ЕКТС.

Студентите кои ќе ја завршат студиската програма се стекнуваат со следното звање: Доктор на биотехнички науки – Енологија

  1. Енологија
  2. Технологии и принципи за производство на вино
  3. Сензорна анализа на вино
  4. Микробиологија на вино
  5. Нови технологии во одгледувањето на виновата лоза
  6. Производство на јаки алкохолни пијалоци
  7. Перспективни клонови од сорти винова лоза
  8. Нови трендови во инструменталната анализа на грозје и вино
  9. Ампелографија

Покажува знаење и разбирање во научното поле на студирање кое се надградува врз претходното образование и обука, вклучувајќи и познавање во доменот на теоретски, практични, концептуални, компаративни и критички перспективи во научното поле според соодветната методологија. Разбирање на одредена област и познавање на тековните прашања во врска со научните истражувања и новите извори на знаење. 

Покажува знаење и разбирање за разни теории, методологии.

  • Покажува систематско разбирање на полето на истражувањето во енологијата, примена на современи технологии за производство на вино и современи методи за контрола на квалитет на грозје и вино.  
  • Покажува совршено познавање на методи за истражување на нови процеси во текот на производството на вино и нови соединенија кои се формираат при различни услови на винификација. 
  • Покажува одлични вештини на истражување и разбирање во областа на енологијата согласно со највисоките меѓународни стандарди. 
  • Покажува вештини за дефинирање на сложени проблеми и брзо изнаоѓање решенија со примена на современи методи и техники од областа на енологијата.

Енолог: Одговорен за производство на вино, учествува во сите процеси на производството, ги следи новите трендови во винарството.

Главен енолог: Одговорен за производство на вино, учествува во производството, дава насоки и предлози, решава тековни проблеми во винарската визба, ги следи новите трендови во винарството.

Менаџер во винарска визба: Одговорен за целокупната работа на винарската визба, развива и спроведува планови за нови вински линии и стилови.

Менаџер за енолошки средства: Промовира и продава енолошки средства, ги следи новите трендови во винарството.

Менаџер во енолошка лабораторија: Одговорен за спроведување на хемиски и сензорни анализи на вино, поставува, развива и применува нови методи.

Студиската програма по Наука за земјиштето и хидрологија, ќе се реализира во траење од три години, шест семестри со 180 ЕКТС како академиски тригодишни студии. 

Рокот за завршување на предвидените активности од студиската програма е регулиран во Статутот на Универзитетот ,,Гоце Делчев“ – Штип. Студентите од III циклус студии имаат право да ги завршат започнатите студии според студиската програма на која се запишале во следниве рокови:

– тригодишни  студии за 5 (пет) години.

По завршувањето на студиската програма Наука за земјиштето и хидрологија, студентот се стекнува со 180 ЕКТС.

Студентите кои ќе ја завршат студиската програма се стекнуваат со следното звање: Доктор на биотехнички науки – наука за земјиштето и хидрологија

  1. Мониторинг и анализа на податоци
  2. Биогеохемија на почви
  3. Современи мелиоративни практики
  4. Физичко-хемиски методи за анализа на почви
  5. Современи агротехнички практики
  6. Ремедијација на почви
  7. Микробиолoгија на почва
  8. Конзервација на почви
  9. Спектрометриски методи и примена во контрола на квалитет на природни ресурси
  10. Биотрансформација на органска материја во почва

Покажува знаење и разбирање за научното поле на проучување (или студирање), кое се надградува врз првиот циклус, применувајќи методологии соодветни за решавање сложени проблеми, како на систематски, така и на креативен начин, што обезбедува основа или можност за оригиналност во развивањето и/или примената на автономни идеи во контекст на истражувањето.

  • Способност за употреба на проширено и продлабочено знаење.
  • Покажува високо ниво на професионална компетентност во едно или повеќе специфични научни полиња.
  • Поседува знаење од една или повеќе предметни области, кои се базираат на најреномирани меѓународни истражувања во дадените научни полиња.
  • Покажуваат високо ниво на професионална компетентност во земјоделското инженерство и намената и искористувањето на природните ресурси од агрономски аспект.
  • Совладуваат детални знаења за примената на класичните и современите физичко-хемиски методи за проценка на квалитетот на природните ресурси во земјоделското производство.
  • Поседуваат специфични стручни знаења во поглед на современите методологии за унапредување на земјоделското производство.
  • Вработен или сопственик на земјоделска компанија 
  • Сопствен советодавен центар за земјоделци
  • Компании за производство и дистрибуција на семе и семенски материјал
  • Компании за производство на медицински канабис
  • Приватни тела за сертификација на органско производство
  • Различни сектори во МЗШВ
  • Компании за дистрибуција и производство на средства за заштита на растенија
  • Земјоделски консултантски компании
  • Дијагностички земјоделски лаборатории
  • Земјоделски истражувачки центри/институти

Студиската програма по Лозарство, ќе се реализира во траење од три години, шест семестри со 180 ЕКТС како академиски тригодишни студии. 

Рокот за завршување на предвидените активности од студиската програма е регулиран во Статутот на Универзитетот ,,Гоце Делчев“ – Штип. Студентите од III циклус студии имаат право да ги завршат започнатите студии според студиската програма на која се запишале во следниве рокови:

– тригодишни  студии за 5 (пет) години;

По завршувањето на студиската програма Лозарство студентот се стекнува со 180 ЕКТС.

Студентите што ќе ја завршат студиската програма се стекнуваат со следното звање:  Доктор на биотехнички науки – Лозарство

  1. Физиологија на виновата лоза
  2. Ампелографија
  3. Заштита на виновата лоза 3
  4. Нови технологии во одгледувањето на виновата лоза
  5. Одбрани поглавја за растителни регулатори на раст
  6. Перспективни клонови од сорти винова лозa
  7. Преработки од трпезно грозје
  8. Технологии и принципи за производство на вино
  9. Органско производство на грозје
  10. Нови трендови во инструменталната анализа на грозјето и виното

Покажува знаење и разбирање за научното поле на проучување (или студирање), кое се надградува врз вториот циклус, применувајќи методологии соодветни за решавање сложени проблеми, како на систематски, така и на креативен начин, што обезбедува основа или можност за оригиналност во развивањето и/или примената на автономни идеи во контекст на истражувањето.

  • Способност за употреба на проширено и продлабочено знаење.
  • Покажува високо ниво на професионална компетентност во едно или повеќе специфични научни полиња.
  • Поседува знаење од една или повеќе предметни области, кои се базираат на најреномираните меѓународни истражувања во дадените научни полиња.
  • Применува знаења и разбирање од областа на физиологијата на виновата лоза, надградено на вториот циклус.
  • Способност за проширено и продлабочено знаење за методите на опис на сортите, како и за изборот на најдобри системи на одгледување на виновата лоза.
  • Демонстрираат високо ниво на познавањe за технологиите на производство на квалитетно грозје и технологиите на производство на вино.  
  • Покажува висока компетентност во развивањето на технологијата за производство и преработка на трпезното грозје.   
  • Компании за in vitro производство на растенија
  • Сопствен бизнис за in vitro производство на растенија
  • Комерцијални и истражувачки земјоделски лаборатории
  • Консултант за бизниси во секторот растителна биотехнологија
  • Државни или приватни институции во секторот земјоделство
  • Научно-истражувачка работа 

Студиската програма по Безбедност на храната ќе се реализира во траење од три години, шест семестри, со 180 ЕКТС, како академиски тригодишни студии. 

Рокот за завршување на предвидените активности од студиската програма е регулиран во Статутот на Универзитетот ,,Гоце Делчев“ – Штип. Студентите од III циклус студии имаат право да ги завршат започнатите студии според студиската програма на која се запишале во следниве рокови:

– тригодишни  студии за 5 (пет) години.

Студентите кои ќе ја завршат студиската програма се стекнуваат со следното звање: Доктор на биотехнички науки – Безбедност на храната

  1. Хемиски опасности од храна
  2. Микробиолошки опасности од храна
  3. Анализа и проценка на ризиците и ККТ во безбедноста на храната
  4. Контрола на квалитет на масло
  5. Производство на конзерви и готови јадења од месо
  6. НАССР теорија и пракса
  7. Сензорна анализа на храна
  8. Проценка на ризици од ГМО
  9. Преработки од трпезно грозје
  10. Инструментални методи
  • Покажува знаење и разбирање за научното поле на проучување (или студирање), кое се надградува врз првиот и вториот  циклус, применувајќи методологии соодветни за решавање сложени проблеми, како на систематски, така и на креативен начин, што обезбедува основа или можност за оригиналност во развивањето и/или примената на автономни идеи во контекст на истражувањето. 
  • Способност за употреба на проширено и продлабочено знаење. Покажува високо ниво на професионална компетентност во едно или повеќе специфични научни полиња. 
  • Поседува знаење од една или повеќе предметни области, кои се базираат на најреномирани меѓународни истражувања во дадените научни полиња.
  • Покажува знаење и разбирање во областа на преработката и контролата на анималните производи. 
  • Поседуваат знаења во поглед на анималното производство и безбедноста на храната. Да бидат во можност да покажат разбирање за тоа како да се користи примената на класичните и современите преработувачки техники во анималното производство.   
  • Способност за проширување на знаењето во областа на анималното производство, контрола и преработка.   
  • Менаџер за квалитет и безбедност во прехранбената индустрија;
  • Консултантски компании за воведување на системи за квалитет и безбедност на храната, и сертификациони фирми;
  • Образовни институции;
  • Истражувачки и развојни институции;
  • Државни институции задолжени за квалитетот и безбедноста на храната;
  • Невладин сектор (Организација на потрошувачи);
  • Рурален развој и промоција на традиционалните прехранбени производи;
  • Органско производство на безбедна храна.

Повеќе детали за процесот на запишување и студирање на докторски студии ќе најдете во рамките на Школата за докторски студии на УГД