Search

Додипломски студии (Прв циклус)

Студиски програми

Земјоделскиот факултет во Штип во рамките на додипломските студии (прв циклус), нуди палета од повеќе наставни програми од областите на земјоделските науки. Наставните програми се современи, сеопфатни и приспособени – како на домашниот, така и на глобалниот пазар на трудот. Стекнатите знаења и вештини ќе ви отворат можности за широк избор на работни позиции, како и за понатамошен професионален развој.

Со комплетирање на додипломските студии на Земјоделскиот факултет вие се стекнувате со називот Дипломиран инженер агроном во избраната област, а дипломите се и меѓународно признати.

Наставната програма по Фитомедицина – заштита на растенијата на дипломираните студенти им обезбедува добра теоретска и практична основа во заштитата на растенијата.

Фитомедицината е наука и практика која се грижи за здравјето на растенијата, со посебен акцент врз изучувањето, контролата и управувањето со појавата на болести и штетници, кои ги оштетуваат земјоделските култури и имаат негативен ефект врз земјоделското производство.

Здраво растение значи здрава и безбедна храна и здрава популација!

Дипломата по Фитомедицина – заштита на растенијата нуди многу можности за кариера, врз основа на подбор од знаења и вештини кои се барани и високо вреднувани во многу индустрии. 

Студиската програма Фитомедицина – заштита на растенијата се реализира во траење од четири години, осум семестри. Со завршувањето на академските четиригодишни студии од прв циклус на студиската програма Фитомедицина – заштита на растенијата студентите стекнуваат 240 ЕКТС. 

Стекнатата диплома по Заштита на растенијата е меѓународно призната.

ДЕЛ ОД НОСЕЧКИТЕ ПРЕДМЕТИ

  1. Општа фитопатологија
  2. Општа ентомологија
  3. Бактериологија
  4. Микологија 1
  5. Специјална ентомологија
  6. Основи на фитофармацијата
  7. Вирологија
  8. Микологија 2
  9. Отпорност на растенијата
  10. Нематологија
  11. Биолошки испитувања на пестициди
  12. Специјална фитофармација
  13. Анатомија и физиологија на болните растенија
  14. Хербологија
  15. Биолошка заштита
  16. Машини за апликација на заштитни средства

 

Целата структура на студиската програма можете да ја погледнете на следниот линк, додека предметната програма за секој предмет тука.

  • Способност да се идентификуваат растенија и растителни штетници и болести. 
  • Способност за организирање и извршување на работата на лабораторија за болести на растенијата. 
  • Способност да се спроведат студии кои вклучуваат патологија на растенијата на терен и во лабораторија. 
  • Способност да се анализираат проблемите со контролата на болеста кај растенијата и да се одреди соодветниот тек на дејствување.
  • Вработен или сопственик на земјоделска аптека
  • Сопствен советодавен центар за земјоделци
  • Индустрија за производство на пестициди
  • Различни сектори во МЗШВ
  • Компании за дистрибуција и производство на средства за заштита на растенија
  • Земјоделски консултантски компании
  • Агрохемиски компании
  • Компании за производство на семиња и растенија
  • Дијагностички земјоделски лаборатории
  • Земјоделски истражувачки центри/институти

Наставната програма Поледелство на дипломираните студенти им обезбедува добра теоретска и практична основа во системот за растително производство, кој ги опфаќа основните генетски и физиолошки системи за раст на растенијата.

Поледелските науки го изучуваат влијанието на почвата, водата, хранливите материи, болестите и штетниците врз приносот на поледелските култури. Единствено правилното управување на земјоделските посеви може да води кон квалитетен и висок принос во поледелското производство.

Дипломата Поледелство нуди многу можности за кариера, врз основа на подбор од знаења и вештини кои се барани и високо вреднувани во многу индустрии. 

Студиската програма Поледелство се реализира во траење од четири години, осум семестри. Со завршувањето на академските четиригодишни студии од прв циклус на студиската програма Фитомедицина – заштита на растенијата студентите стекнуваат 240 ЕКТС. 

Стекнатата диплома по Поледелество е меѓународно призната.

ДЕЛ ОД НОСЕЧКИТЕ ПРЕДМЕТИ

  1. Општо поледелство
  2. Селекција и семепроизводство во поледелството
  3. Органско производство
  4. Основи на ГМО
  5. Преработка на поледелски производи
  6. Производство на расад
  7. Штетници во поледелското производство
  8. Заштита од болести во поледелството
  9. Житни растенија
  10. Индустриски растенија
  11. Легуминозни и фуражни растенија
  12. Клубенести растенија
  13. Алтернативни растенија
  14. Маслодавни растенија
  15. Тутун и преработка на тутун
  16. Механизација во поледелското производство 
  17. Процесна техника во поледелското производство
  • Способност да се идентификуваат поледелските култури
  • Способност за организирање и извршување на работата на земјоделски површини 
  • Способност да се спроведат студии кои вклучуваат различни агротехнички мерки во поледелското производство 
  • Способност да се анализираат проблемите со контролата на различните фенофази на раст кај поледелските култури и да се дадат соодветни решенија за истите.
  • Вработен или сопственик на земјоделска компанија за поледелско производство
  • Сопствен советодавен центар за земјоделци
  • Компании за производство и дистрибуција на семе и семенски материјал
  • Компании за производство на медицински канабис
  • Приватни тела за сертификација на органско производство
  • Различни сектори во МЗШВ
  • Компании за дистрибуција и производство на средства за заштита на растенија
  • Земјоделски консултантски компании
  • Дијагностички земјоделски лаборатории
  • Земјоделски истражувачки центри/институти

Храна е секоја супстанца што во преработена, делумно преработена или непреработена состојба е наменета за исхрана на луѓето и животните, како и секоја состојка што се употребува за производство, обработка, преработка и подготвување на храна. Под храна се подразбира и водата за пиење од јавните системи за снабдување со вода за пиење, пакувана вода за пиење наменета за пазар, водата наменета за производство на храна, како и многу други прехранбени производи.

Безбедна храна е секоја храна која конзумирана од луѓето или животните не предизвикува опасности по нивното здравје. Системите за безбедност на храната го опфаќаат целиот синџир на производството на храната „од нива до трпеза“. Сите чинители во синџирот на производството на храната се должни да ги следат добрите производствени практики, а произведената храна не смее да претставува опасност по здравјето на луѓето и животните. Безбедноста и квалитетот на храната претставуваат глобална одговорност. 

Дипломата Квалитет и безбедност на храната нуди многу можности за кариера, врз основа на подбор од знаења и вештини кои се барани и високо вреднувани во многу индустрии.  

Студиската програма Квалитет и безбедност на храната се реализира во траење од четири години, осум семестри. Со завршувањето на академските четиригодишни студии од прв циклус на студиската програма Фитомедицина – заштита на растенијата студентите стекнуваат 240 ЕКТС.  

Стекнатата диплома по Поледелество е меѓународно призната.

ДЕЛ ОД НОСЕЧКИТЕ ПРЕДМЕТИ

  1. Управување со квалитет;
  2. Агроекологија;
  3. Рурален развој;
  4. Методи на лабораториската работа;
  5. Биолошки основи на суровините;
  6. Сензорна анализа на производите;
  7. Микробиологија на храната;
  8. Производство, обработка и преработка на месото;
  9. Технологија на млекото и млечните производи;
  10. Производство на масти и масла;
  11. Органско производство;
  12. Функционална храна;
  13. Хемиска безбедност на храната;
  14. Токсикоинфекции и интоксикации од храна;
  15. Санитација во прехранбената индустрија;
  16. НАССР и ХАЛАЛ теорија и пракса;
  17. Екотоксикологија;
  18. Послебербени технологии на зеленчукот;
  19. Складирање и пакување на грозје и вино;

Потребите за храна и нејзините преработки секојдневно се зголемуваат, а стандардите за нивно производство стануваат сѐ построги, што во крајна линија значи производство на квалитетна, здравствено безбедна, контролирана и сертифицирана храна, која ги задоволува потребите на современиот потрошувач. Денес, концептот на безбедна храна се развива врз основа на најнови научни сознанија, но и врз еколошки принципи, што истовремено значи економичност во производството, заштита и одржување на агроекосистемите и животната средина. Студиската програма Квалитет и безбедност на храната е единствена академска програма компатибилна со европските образовни програми, која им нуди можност на идните студенти да се запознаат и да стекнат знаења и вештини од:

  • Основите за производството на храната од растително и животинско потекло;
  • Концепт на квалитет и безбедност во производството на храната;
  • Безбедност на суровините за производство на храна;
  • Технологија на производството на квалитетна и безбедна храна;
  • Системи за контрола на квалитетот и опасностите во храната (физички, хемиски и биолошки опасности);
  • Заштита на животната средина и агроекосистемите;
  • Лабораториски вештини за анализа на храната;

Зголемените ризици по безбедноста на храната и развојот на иновативните технологии во производството на храната го зголемуваат притисокот на пазарот на трудот и потребата од стручни кадри, кои ќе бидат носители на производството на квалитетна и безбедна храна, како придонес во зачувувањето на јавното здравје. Таквите кадри својот професионален развој може да го остварат како:

  • Менаџер за квалитет и безбедност во прехранбената индустрија;
  • Консултантски компании за воведување на системи за квалитет и безбедност на храната, и сертификациони фирми;
  • Образовни институции;
  • Истражувачки и развојни институции;
  • Државни институции задолжени за квалитетот и безбедноста на храната;
  • Невладин сектор (Организација на потрошувачи);
  • Рурален развој и промоција на традиционалните прехранбени производи;
  • Органско производство на безбедна храна.

Винарите, познати и како лозари и енолози, се одговорни за целиот процес на производството на вино. Ова ги вклучува одгледувањето и бербата на грозје, технологијата и хемијата на производството на вино.
Создавањето на виното е вистинска уметност и умешност.

„Виното за мене е страст. Тоа е семејство и пријатели. Тоа е топлина на срцето и великодушност на духот“
  – Роберт Мондави, винар.
„Господ ја создал само водата, а човекот го направил виното.“
  – Виктор Иго, писател.

Дипломата по Лозарство и винарство нуди многу можности за кариера, врз основа на подбор од знаења и вештини кои се барани и високо вреднувани во многу индустрии.

Студиската програма Лозарство и винарство се реализира во траење од четири години, осум семестри. Со завршување на академските четиригодишни студии од прв циклус на студиската програма Фитомедицина – заштита на растенијата студентите стекнуваат 240 ЕКТС.

Стекнатата диплома по Лозарство и винарство е меѓународно призната.

ДЕЛ ОД НОСЕЧКИТЕ ПРЕДМЕТИ

  1. Производство на лозов саден материјал
  2. Перспективи на лозарството и винарството во светот
  3. Лозарство 
  4. Енологија 1 
  5. Заштита на виновата лоза 
  6. Микробиологија на винoто
  7. Специјално лозарство 
  8. Производство на вино 
  9. Енологија 2
  10. Процесна техника во лозарството
  11. Процесна техника во винарството
  12. Законски регулативи во лозарството и винарството
  13. Сензорна анализа на виното
  14. Аналитичка евалуација на виното 
  15. Преработки од грозјето
  16. Механизација во лозарското производство
  • Солидно познавање за управување на земјишта со лозови насади.
  • Солидно познавање на карактеристиките, својствата и опасностите во производството на виновата лоза.
  • Солидно познавање на релевантните прописи во лозарството и винарството. 
  • Стручно примена различни методи и технологии за производство на вино.
  • Стручно познавање на контролата на квалитетот на виното.

Менаџирање на лозови насади. 

Менаџирање на производството на вино: Водење и контрола на технолошките постапки во производството на виното, контрола на квалитетот на виното, организација на винарска визба.

Менаџирање на квалитетот: Познавања од областа на подобрување на сортиментот преку различни методи на создавање нови сорти, познавања на современите аналитички методи за контрола на квалитетот на грозјето и виното.

Критичка анализа: Способност за анализа на состојбите во винарството, развојот и унапредувањето на технолошките постапки за производство на квалитетно грозје и вино, базирана на стручни и истражувачки проучувања.

Комуникација: Силни комуникациски вештини, вклучувајќи добра писмена и вербална комуникација за презентирање на идеи, проблеми и решенија од областа на технологиите на производство на грозје, лозов саден материјал и производство на различни типови на вина и нивна карактеризација.

  • Приватни компании во секторот лозарство
  • Винарска компанија
  • Сопственик на мала семејна винарија
  • Лабораторија за контрола квалитетот на виното
  • Консалтинг за производство на грозје и вино
  • Различни сектори на МЗШВ
  • Земјоделски институти/оддели за лозарство и винарство
  • Научно-истражувачка работа

 

Енолог: Одговорен за производство на вино, учествува во сите процеси на производство, ги следи новите трендови во винарството. 

Главен енолог: Одговорен за производство на вино, учествува во производството, дава насоки и предлози, решава тековни проблеми во винарската визба, ги следи новите трендови во винарството. 

Менаџер во винарска визба: Одговорен за целокупната работа на винарската визба, развива и спроведува планови за нови вински линии и стилови. 

Менаџер за енолошки средства: Промовира и продава енолошки средства, ги следи новите трендови во винарството.


Менаџер во енолошка лабораторија: Одговорен за спроведување на хемиски и сензорни анализи на виното, поставува, развива и применува нови методи.

Биотехнологијата користи биолошки системи, живи организми или нивни делови за да развие или да создаде различни производи. Биотехнологијата на растенијата може да се дефинира како употреба на современи биотехнолошки методи за производство на модифицирани растенија кои покажуваат нови или подобрени карактеристики.

Иднината на современи технологии на производство на растителна храна е базирана на растителната биотехнологија.

Дипломата по Растителна биотехнологија нуди многу можности за кариера, врз основа на подбор од знаења и вештини кои се барани и високо вреднувани во многу индустрии. 

Студиската програма Растителна биотехнологија се реализира во траење од четири години, осум семестри. Со завршување на академските четиригодишни студии од прв циклус на студиската програма Фитомедицина – заштита на растенијата студентите стекнуваат 240 ЕКТС. 

Стекнатата диплома по Растителна биотехнологија е меѓународно призната.

ДЕЛ ОД НОСЕЧКИТЕ ПРЕДМЕТИ

  1. Физиологија на растенијата
  2. Основи на биохемијата
  3. Основи на молекуларната биологија
  4. Основи на растителната биотехнологија
  5. Биотехнологија и биосигурност
  6. Култура на растителни ткива
  7. Основи на ГМО
  8. Растителна екологија
  9. Исхрана на растенијата
  10. Инструментални методи
  11. Генетски ресурси и биодиверзитет
  12. Лековити растенија
  13. Функционална храна
  14. Методи на лабораториска работа
  15. Секундарни метаболити
  • Знаења во поглед на генетската специфичност на одделни растителни видови.
  • Способност за примената на класичните и современите биотехнолошки методи во современата селекција на растенијата.
  • Способност за создавање нови генотипови и подобрување на веќе постојните генотипови кај одредени земјоделски култури.
  • Способност за собирање, оценување, анализирање и презентирање на информации за релевантни биотехнолошки податоци во земјоделството.
  • Стручно користење на различни методи и технологии за производство на култура на ткива и клетки
  • Способност за примена на методи за култура на ткива и клетки
  • Знаење и примена на релевантните прописи и регулативи во растителната биотехнологија
  • Напредно имплементирање на in vitro лабораториски методи
  • Компании за in vitro производство на растенија
  • Сопствен бизнис за in vitro производство на растенија
  • Комерцијални и истражувачки земјоделски лаборатории
  • Консултант за бизниси во Секторот растителна биотехнологија
  • Државни или приватни институции во секторот Земјоделство
  • Научно-истражувачка работа

Традицијата, климатските и почвените услови овозможуваат развој на градинарството, како најинтензивна гранка за добивање на висок и стабилен принос. Развојот на новите технологии, прецизното земјоделство, добрите земјоделски и производствени практики, примената на стандарди во градинарското производството овозможува производство на здрав, квалитетен и безбеден зеленчук.

Зеленчукот и овошјето се едни од есенцијалните намирници во исхраната на човечката популација глобално. Градинарството е наука за развојот, одржливото производство, и употребата на градинарските растителни култури. Нашата држава поседува плодно и погодно земјиште за високо приносно производство на квалитетен зеленчук и овошје.

Здравје е она што го јадеме – затоа, внимателно да избереме.

Дипломата по Градинарство нуди многу можности за кариера, врз основа на подбор од знаења и вештини кои се барани и високо вреднувани во многу индустрии. 

Студиската програма Градинарство се реализира во траење од четири години, осум семестри. Со завршување на академските четиригодишни студии од прв циклус на студиската програма Фитомедицина – заштита на растенијата студентите стекнуваат 240 ЕКТС.

Стекнатата диплома по Градинарство е меѓународно призната.

  1. Општо градинарство
  2. Специјално градинарство
  3. Градинарство во заштитен простор
  4. Селекција и семепроизводство во градинарството
  5. Органско производство
  6. Украсни растенија
  7. Алтернативни растенија
  8. Цвеќарство
  9. Заштита од болести во градинарството
  10. Штетнци во градинарското производство
  11. Преработка на зеленчукот
  12. Производство на расад
  13. Послебербени технологии на зеленчукот
  14. Селекција и семепроизводство
  15. Мелиорации и наводнување
  16. Машини во градинарското производство
  • Стручно познавање на методите на растителното производство на градинарски култури и цвеќе 
  • Солидно познавање на начините за производство на расад
  • Солидно познавање на методите на заштита на градинарските култури
  • Стручна примена на различни методи и технологии за производство во заштитени простори
  • Солидно познавање на послебербените технологии и преработката на зеленчукот
  • Компании за производство на зеленчук во заштитени простори
  • Сопствен бизнис за производство на градинарски култури и цвеќе
  • Сопствен бизнис за професионално производство на семе и расад
  • Приватни консултанти во секторот на градинарството
  • Различни сектори во МЗШВ
  • Научно-истражувачка работа