Разбирање на значењето на производството на храна: Производството на храна и континуираната едукација на стручен кадар во областа на земјоделските науки претставува благородна дејност, која води кон општествена одговорност и социјален развој. Потребата за цивилизациско и културно издигнување се води од навиките и квалитетот на храната како егзистенцијална потреба на луѓето и животните. Квалитетот и безбедноста на храната претставува основа на јавното здравје, напредокот и опстанокот на животот на земјата. Земјоделскиот факултет, водејќи се од принципите и значењето на земјоделското производство во развојот на општеството, води грижа за кадарот што се создава на оваа институција. Тој кадар е иднината во производството на храна, препознатлив и конкурентен на пазарот на трудот.
Глобализацијата на пазарот придонесува за свесноста на потрошувачот за разновидноста на изборот, квалитетот и безбедноста на достапната храна. Развојот на новите технологии, новите земјоделски и производствени практики овозможуваат контролирано производство на здрава, квалитетна и безбедна храна. Меѓународните, националните, па дури и локалните институции имаат сè поголема одговорност кон луѓето и животните кога станува збор за квалитетот и безбедноста на храната. Политиките, плановите, програмите и законодавството на општеството детално се свртуваат кон регулирањето на прехранбениот сектор и надзорот на овој сектор. Централното место во овие активности го зазема потрошувачот, кој има право на квалитетна, здрава и безбедна храна, како и сите потребни информации за нејзиниот состав, начинот и последиците од употребата врз него и неговото потомство. Постојат два други аспекти, не помалку важни за потрошувачот, а тоа се цена и заштита од измама. На пазарот постојано се појавуваат производи со разни звучни имиња и етикети, со маркетинг кампањи: „здрава храна“, „еколошка храна“ итн. Она што во основа треба да го знаеме сите, е дека храната може да биде квалитетна, безбедна, функционална и органски произведена
Соработка со агробизнис секторот и институциите
Значајна компонента на делувањето на Земјоделскиот факултет во Источниот регион е и соработката со агробизнис секторот. Преку директната соработка со локални и национални компании, факултетот гради заемни релации од кои бенефит имаат двете страни. Компаниите имаат пристап до најновите резултати од научни истражувања, научна консалтинг експертиза, како и пристап до талентирани дипломци опремени со потребното знаење и вештини. За возврат, Земјоделскиот факултет има можност да ги збогатува наставните програми со практичните аспекти на реалното работење во агробизнис секторот, овозможувајќи релевантно и практично знаење за своите студенти. Оваа соработка исто така отвора можности за остварување на пракса за студентите, како и нивно вработување по дипломирањето.
Меѓународна соработка
Во рамките на воспоставените меѓународни партнерства, како од Земјоделскиот факултет, така и на ниво на Универзитетот, на студентите и вработените на УГД им се овозможува да учествуваат во разни програми, проекти и обуки што се спроведуваат на странски универзитети и на тој начин да се здобијат со значајно знаење и искуство од други добри практики, кои понатаму ќе ги искористат во својата кариера. Во нашата земја УГД е универзитет со најголем број (над 400) меѓуинституционални договори, при што во текот на една академска година се остварува размена на повеќе од 300 дојдовни студенти и 50 лица како наставен и административен кадар.
Повеќе за меѓународната соработка во рамките на УГД можете да најдете на:
Еразмус+ програма
Во рамките на УГД веќе долги години успешно се реализира и програмата Еразмус+, која е проект на Европската Унија во областа на високото образование и која овозможува соработка и размена на студенти и кадар помеѓу партнерски универзитети во Европа.
Размена на студенти: Програмата е наменета за сите редовно запишани студенти на УГД што имаат завршено најмалку 2 семестри од студиите, имаат постигнато солиден успех и имаат познавање на англискиот јазик. Студентската размена можат да ја реализираат во еден од партнерските универзитети, чија целосна листа можете да ја најдете тука, а студиската размена може да се реализира во период од 6 или 12 месеци. Во рамките на Еразмус+ програмата нудиме и програма на англиски јазик и активности за странските студенти што доаѓаат на размена на УГД.
Размена на вработени: Наставниот кадар на Универзитет „Гоце Делчев“ преку Еразмус+ програмата има можност за мобилност, која може да се оствари на еден од странските универзитети со кои УГД има склучено договор за соработка. Мобилноста за вработените е во времетраење од една недела и може да биде остварена во форма на предавања или обука. Со цел оваа програма да биде подобро промовирана пред студентите, УГД во текот на годината постојано организира информативни денови и состаноци со претставници од Националната агенција.
Дополнително, сите потребни информации можете да ги добиете на следниот линк: cmus.ugd.edu.mk
Листа на соработници на Земјоделски факултет
УНИВЕРЗИТЕТИ И ФАКУЛТЕТИ / ИНСТИТУТИ
- Универзитетот во Белград, Земјоделски факултет
- Институт за земјоделие и градинарство, Нови Сад
- Селскостопанска академија – Институт по земјоделие – Карнобат, Република Бугарија
- Технолошко-техничкиот факултет во Велес, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола
- Факултет за биотехнички науки, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола
- Научен институт за тутун – Прилеп, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола
ИНСТИТУЦИИ
- Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Р.С. Македонија
- Мрежа на земјоделски задруги
- Агенцијата за поттикнување на развој на земјоделството, Битола
- МЗШВ – Управа за хидрометеоролошки работи
СРЕДНИ УЧИЛИШТА
- СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово
- ДСУ-РЦСОО „Киро Бурназ“, Куманово
- СОЗШУ „Ѓорче Петров“ – Кавадарци
- СОУ Кочо Рацин – Свети Николе
КОМПАНИИ
- УНИ СЕРВИС АГРО
- Бест фуд ТИ, Радовиш
- Млекарница „Ѓоргиеви“, Радовиш
- „Лион“ Свети Николе
- АгФутура Технологии, Скопје
- ЕКО ОАЗА САМАНДОВ
- Илински Врв – Пробиштип
- Месна индустрија и кланица Свети Николе ДОО МИК – Свети Николе
- Агрожито – Пробиштип
- Далвина ДООЕЛ – Босилово
- АД Агролозар – Босилово
- Езимит вино – Штип
- Агроцентар 2 – Кочани
- Здружение на производители на органска храна Органо-логистик – Струмица
- Поледелство Ерџелија ДООЕЛ – Свети Николе
- Ас Трејд ДООЕЛ – Виница
- Кожувчанка ДОО – Кавадарци
- Геинг Кребс унд Кифер Интернешнл ДОО – Скопје
- Сибелес Пит ДООЕЛ – Скопје
- СБВ Ромеро Витро ДООЕЛ – Виница
- ИРИБОВ МК ДООЕЛ Виница
- ЗЗ Вегефреш – Струмица
- Агро Фудтопија ДООЕЛ – Свети Николе
- Уни Агро ДОО – Велес
- Агро Тони ДООЕЛ – Свети Николе
- ДПТУ Земјоделко ДООЕЛ – Прилеп
- Заштитар Томче ДООЕЛ – Битола
- Винарска визба ИМАКО ВИНО ДООЕЛ – Штип
- Агрофила ДООЕЛ – Штип
- Бовин ДООЕЛ – Неготино
- Винарска визба „Тиквеш“, АД Кавадарци
- БМФ Грдовци – Грдовци
- Методија Митевски Брицо – Гајранци
- Тутунски комбинат Цигари ДООЕЛ – Прилеп
- Тутунски комбинат Тутун ДООЕЛ – Прилеп
- ДТУП Агропелагонија ДООЕЛ – Прилеп
- Душан Ќириќ ДООЕЛ – Росоман
- ОАЗА АЛКАЛОИД ДОО – Штип
- „Стрисовци“ ДОО – Пробиштип
- Континентал ДОО – Штип
- Алтони ДООЕЛ – Пехчево
- Дрекслер Мајер – Кавадарци