Search

Наука

Научно-истражувачки и стручно-апликативни активности

Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип е посветен на унапредување на знаењето и поттикнување на иновативноста преку различни форми на научноистражувачки и стручно-апликативни активности.

Публикации (Академски репозиториум)

Прифаќајќи го концептот на отворен пристап, академскиот кадар на Земјоделскиот факултет континуирано ги објавува освоите научни и стручни публикации во Универзитетскиот репозиториум. Овие публикации, меѓу другото, вклучуваат академски трудови и истражувања (објавени во домашни, меѓународни и списанија со импакт фактор), монографии, едукативни ресурси, учебни помагала и сл.

Публикациите на наставниот кадар на Земјоделскиот факултет ќе ги најдете на следниот линк: eprints.ugd.edu.mk

Проекти (Научноистражувачи и стручно-апликативни)

Земјоделскиот факултет како институција и наставниот кадар (тимски или поединечно) се активно вклучени во бројни иновативни (домашни и меѓународни) проекти, кои помагаат во решавањето актуелни предизвици во едукацијата, во агробизнисот, секторот храна и животна средина.

Проектите во кои учествува Земјоделскиот факултет и наставниот кадар ќе ги најдете на следниот линк

УНИЛАБ лабораторијата

УНИЛАБ е лабораторија во составот на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, која функционира како засебна организациска целина. Со известување од Институтот за акредитација на Република Македонија од 27 јануари 2012 година, УНИЛАБ на Земјоделски факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип се стекна со Сертификат за акредитација, бр. ЛТ – 028, за спроведен Стандард МКС EN ISO/IEC 17025 : 2006 во своето работење. Со добивањето на овој Сертификат за акредитација (бр. ЛТ – 028), УНИЛАБ се вброи меѓу институциите во Република Северна Македонија кои вршат тестирања и чиишто извештаи од тестирањата се меѓународно признати.

Услугите се објективни, брзи и квалитетни, засновани на меѓународно признати и прифатени методи за работа, во согласност со стандардот МКС EN ISO/IEC 17025:2018, и односите со корисниците се строго доверливи.

https://unilab.ugd.edu.mk

Академски списанија

Земјоделскиот факултет е издавач на меѓународното списание Journal of Agriculture and Plant Sciences (JAPS) од 2017 година. JAPS е наследник на Годишниот зборник на трудови на Земјоделскиот факултет при УГД, кој се објавуваше од 2007 до 2016, за во 2017 година да прерасне во меѓународно списание со меѓународен уредувачки одбор. 

JAPS е меѓународно списание индексирано во EBSCO и IC датабазите. Се издава двапати годишно и е списание со отворен пристап, а трудовите може да се преземат бесплатно од веб-страницата на списанието.

https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFA/about

Carbonica

Иновации во областа на земјоделството со намалени количини на јаглеродни емисии

https://carbonica-hub.eu/mk/