Search

Теренска настава на студентите на Земјоделски факултет во Месна индустрија и кланица (МИК) – Свети Николе

Споделете

Долгогодишната соработка меѓу Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и Месна индустрија и кланица (МИК) – Свети Николе преточена во уште едно незаборавно искуство за студентите.

Студентите заедно со проф. д-р Димитар Наков на 26 декември 2025 година во рамки на задолжителната практична настава ја посетија најголемата преработувачка фабрика за месо во државата. На почетокот, студентите топло беа пречекани од главниот технолог, а потоа се запознаа со технологијата на производство на различни производи и преработки од месо. Во обиколка на производните линии во фабриката, студентите ја искористија можноста за надградување на знаењата во процесирање на месо и производство на полутрајни и трајни производи од месо.

На крајот од посетата, студентите имаа можност да дегустираат од богатата палета на производи од месо кои ќе ја збогатат празничната трпеза во нашите домови.

Искрена благодарност до сопствениците и вработените за реализираната практична настава и соработката која ќе продолжи и во иднина.