Search

Практична теренска настава на студентите на Земјоделски факултет – Примена на дигитални алатки во современо земјоделско производство

Споделете

Студентите на Земјоделски факултет реализираа практична теренска настава, насочена кон примена на современи дигитални алатки во земјоделското производство. Во рамки на оваа активност беше организирана показна вежба на житна површина, при што студентите имаа можност директно да се запознаат со иновативни технологии кои сè повеќе го трансформираат агросекторот.

Главен фокус на вежбата беше користењето на дронска технологија за апликација на ѓубриво, односно прихрана на растенијата. Преку демонстрација на специјализирана дронска опрема, студентите ги следеа сите фази од процесот – од планирање и програмирање на летот, до прецизна и рамномерна распределба на хранливите материи на теренот.

Овој пристап овозможува значително зголемување на ефикасноста во производството, намалување на трошоците и оптимално искористување на ресурсите, со минимално влијание врз животната средина. Дополнително, студентите се стекнаа со практични знаења за примена на прецизно земјоделство, што претставува клучен сегмент во модерното и одржливо производство на храна.

Преку ваквите теренски активности, Земјоделскиот факултет продолжува да ги подготвува студентите за предизвиците на современото земјоделство, комбинирајќи теоретско знаење со практична примена на најновите технолошки решенија.