Search

Посета на професори од Словачка во рамките на Еразмус мобилноста за предавања (ERASMUS MOBILITY FOR TEACHING)

Во периодот од 20 до 24 октомври 2025 година на Земјоделски факултет престојуваa проф. Михал Балаж (doc. RNDr. Michal Baláž, PhD) и ас. Јожеф Мако (Ing. Jozef Macko, PhD) од Факултетот за образовни науки, Катедра за биологија и екологија, од Универзитетот во Словачка.
Споделете

Колегите во текот на својот престој имаа можност да се запознаат со наставничкиот кадар од блиска или сродна област од факултетот и да разменат идеи и можности за идна заедничка соработка. Во рамките на посетата, проф. Балаж одржа предавања пред студентите, на почеток со претставување на факултетот и земјата од каде што доаѓа, а во стручниот дел од предавањата беа опфатени неколку најпроучувани видови на птици кои живеат на планинските предели на Словачка. Дел од истражуваните птици ги има, живеат и опстојуваат и во нашите предели.

Во текот на посетата, колегите Балаж и Мако имаа можност да ги посетат лабораториските капацитети на УНИЛАБ лабораторијата.

Секоја посета во рамките на Еразмус мобилноста претставува одлична можност за вмрежување и понатамошни заеднички проектни апликации.