Search

Посета на министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство, г. Цветан Трипуновски, во просториите на Земјоделски факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ Штип

Споделете

Посетата на министерот е од големо значење за двете институции од аспект на развојот на образованието, науката и практичната примена во земјоделството.

На заедничкиот состанок се отворија можности за заеднички проекти, истражувања и подобрување на научноистражувачката инфраструктура.

Министерот г. Трипуновски заедно со колегите од Земјоделски факултет и проректорот за инвестиции и развој на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, проф. д-р Дарко Лазаров, имаше можност да го посети и детално се запознае со капацитетите и можностите на научноистражувачкиот центар – УНИЛАБ лабораторијата на Земјоделски факултет.

Факултетите се центри на знаење, извонредност и иновации. Сo посетата на министерот се поттикнува примена на нови методи и технологии на лабораториска работа за покривање на земјоделските производители со лабораториски анализи за контролирано и модерно земјоделството.

Министерот преку директни информации од професори ги согледува предизвиците во образованието, потребите на земјоделскиот сектор, како и креирање стратегии за поттикнување на младите за студирање на земјоделските науки.

Посетата на министерот не е само формалност, туку важен чекор кон подобра координација меѓу образованието и државните институции, што директно влијае на напредокот на земјоделството и економијата.

Благодарност до министерот за посетата и посакуваме успешна реализација на нашите заеднички цели и идеи.