Search

Одржан семинар на тема „Современ пристап за одржливи практики во растителното производство“

Споделете

На заедничка иницијатива и соработка со Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството, Земјоделскиот факултет на 4.2.2026 г. беше домаќин на колегите од Подрачните единици на АПРЗ на семинар на тема „Современ пристап за одржливи практики во растителното производство“.

Одржливото растително производство претставува начин на одгледување на растенија што ги задоволува денешните потреби за храна, без да ја загрози можноста на идните генерации да ги задоволат своите потреби. Тоа е клучен дел од глобалната стратегија за заштита на животната средина и обезбедување безбедна и квалитетна храна.

Одржливото растително производство не е само избор, туку потреба. Тоа придонесува за: здрава животна средина, сигурна и квалитетна храна, подобра економска стабилност, како и заштита на природните ресурси.

Со правилна примена на одржливи практики, се создава рамнотежа помеѓу производството и природата, што е основа за иднината на земјоделството.

Само преку заедничка комуникација и споделување на свои искуства меѓу високото образование и колегите кои практично се директна врска со производителите може да го подобриме производството, да ја заштитиме и зачуваме животната средина и да обезбедиме здрава и сигурна иднина за новите генерации.

Благодарност до Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството за довербата и присуството на семинарот, и заеднички продолжуваме со нови идеи и реализации.