На 26 декември 2025 г. (петок) на Катедрата за прехранбена технологија и преработка на анимални производи при Земјоделскиот факултет успешно беше реализирана јавната одбрана на магистерскиот труд на кандидатката Лолита Спирова, со наслов „Карактеризација на минерален состав на храна од растително и животинско потекло“, изработен под менторство на проф. д-р Биљана Балабанова, редовен професор на Земјоделски факултет.
Магистерскиот труд претставува научно засновано и методолошки прецизно истражување насочено кон сеопфатна карактеризација на минералниот профил на различни прехранбени матрици од растително и животинско потекло, при што покрај вкупната содржина на минералите, се анализирани и нивните биодостапни форми. Овој аналитички пристап овозможува добивање релевантни и реални податоци за фракцијата на минералите што е физиолошки достапна за организмот, со што се создава солидна научна основа за прецизна проценка на нутритивната вредност на храната и за унапредување на современите нутритивни препораки.
Со успешната одбрана на трудот, кандидатката ја демонстрираше својата истражувачка зрелост и научна компетентност, придонесувајќи кон зајакнување на научноистражувачкиот капацитет на Земјоделскиот факултет и кон развојот на напредните аналитички пристапи во областа на науката за храна.


