Search

Информација за дипломирани студенти март-декември 2025 г.

Споделете

Почитувани наши дипломирани инженери агрономи,

Со особена чест и задоволство ве покануваме на свеченоста по повод доделување на вашите стекнати дипломи, со која ќе го одбележиме вашиот академски успех и почетокот на ново професионално поглавје.

Настанот ќе се одржи во свечена атмосфера, во присуство на раководството на факултетот, професорите, вашите семејства и пријателите, со што заеднички ќе го прославиме трудот, знаењето и вашата посветеност во периодот на студирање.

Свеченото доделување на дипломите на дипломираните студенти на Земјоделски факултет – Универзитет „Гоце Делчев” – Штип ќе се одржи во среда – 24.12.2025 г., со почеток во 12 часот, во свечената сала на Земјоделски факултет, Кампус 2, трети кат.

Ве очекуваме заедно да наздравиме за нови поглавја во вашиот живот и идни успеси на кои и ние ќе бидеме многу горди.

Ваш Земјоделски факултет.