Search

Доделено Признание за најдобар постигнат успех на дипломиран студент на Земјоделски факултет во рамките на Свечената академија по повод 19 години Универзитет „Гоце Делчев“ -Штип

Споделете

Со особена чест и гордост го одбележуваме јубилејот од основањето на нашиот Универзитет – симбол на знаење, напредок и визија за иднината.

Во изминатите години, Универзитетот изгради силна академска традиција, создавајќи генерации стручни, посветени и иновативни кадри, кои придонесуваат за развојот на општеството. Преку континуирано унапредување на наставата, научноистражувачката работа и меѓународната соработка, нашиот Универзитет прераснува во респектабилна институција препознаена по квалитет и интегритет.

Секој јубилеј е потсетник на нашето богато минато, меѓутоа и мотивираност и инспирација за идни достигнувања. Со истата посветеност и ентузијазам продолжуваме да градиме средина која поттикнува знаење, креативност и лидерство.

Заедно го славиме минатото, ја живееме сегашноста и ја создаваме иднината.

На јубилејот од нашето основање беше доделена награда за најдобар дипломиран студент на Земјоделски факултет од изминатата година (2025 г.). Наградата ѝ припадна на Викторија Ангелова, најдобар дипломиран студент со просек 9.75.

Искрени честитки за упорноста, амбициозноста, мотивираноста и истрајноста на нашата драга Викторија, на која ѝ посакуваме успешна кариера и уште поголема посветеност и истрајност во работата.

Нека ни е вечен Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Честит јубилеј!