Search

Мојот пат кон успехот со УГД – Афродита Волческа

Име и презиме: Афродита Волческа
Факултет и студиска програма: Земјоделски факултет, студиска програма Биологија.
Споделете

Животно мото:

„Успехот не доаѓа случајно – тој е резултат на труд, истрајност и верба во себе.“

Мојот рецепт за успех:

Мојот рецепт за успех се состои од континуирана работа, дисциплина и силна желба за напредок. Верувам дека секој предизвик е можност за учење, а секоја пречка – чекор поблиску до целта. Со добра организација, посветеност и верба во сопствените способности, успехот станува достижен.

Најголеми предизвици на патот до успехот ми беа:

На мојот пат се соочив со различни предизвици, од академски обврски до балансирање на повеќе одговорности. Имаше моменти на сомнеж и замор, но токму тие ситуации ме научија на истрајност и самодоверба. Секој предизвик го гледав како лекција што ме прави посилна и поподготвена за иднината.

Факултетот и насоката ги избрав затоа што:

Отсекогаш ме привлекувала биологијата и сакав да продолжам во таа насока. Оваа студиска програма ми овозможи да учам нешто што навистина ме интересира и во кое се пронаоѓам.

Со УГД се дружев:

Со УГД поминав значаен дел од мојот живот исполнет со нови искуства, предизвици и убави моменти. Во тој период не само што стекнав знаење, туку запознав и  нови пријателства и се изградив како личност, стекнувајќи вредни вештини кои ќе ми користат понатаму.

Праксата на УГД како составен дел од студиите, ја остварив во:

Практичната настава ја реализирав во лабораторијата УНИЛАБ при Факултетот, каде што имав можност да го применам теоретското знаење во практични услови. Ова искуство ми помогна подобро да ја разберам материјата, да развијам лабораториски вештини и да стекнам сигурност во работата.

Од студиите на УГД за развој на успешна кариера најмногу ми помогна:

Поддршката и насоките што ги добивав од професорите имаа големо значење за мојот развој. Тие не беа само пренесувачи на знаење, туку и луѓе кои ме мотивираа да напредувам и да верувам во себе. Дополнително, учеството во различни настани и активности ми овозможи да стекнам практично искуство, да ја зајакнам самодовербата и да се развивам и лично и професионално.

Совет за младите како идни студенти:

Бидете упорни, љубопитни и не се плашете од предизвици. Студирањето не е само стекнување диплома, туку процес на личен и професионален развој. Искористете ја секоја можност за учење, верувајте во себе и не се откажувајте од вашите цели.