Главна цел на вмрежување на научните работници во рамки на COST Акцијата: CA21124 - LIFT: Lifting farm animal lives – laying the foundations for positive animal welfare, ќе биде да се дефинира и концепциски постави пристапот кон позитивната благосостојба на фармерските животни, да се идентификува валидна методологија за проценка на позитивната благосостојба на животните и да се дефинираат индикаторите за добра благосостојбата на животните одгледувани во фармерски услови.

Повеќе...

Земјоделски факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип е дел од  конзорциумот на партнери во научен проект од програмата HORIZON-CSA, проект со наслов CARBONICA: Carbon Initiative for Climate-resilient Agriculture.

Повеќе...

Во рамките на CEEPUS мрежата „Teaching and Learning Bioanalysis", проф. д-р Виолета Иванова-Петропулос, редовен професор на Земјоделски факултет и локален координатор на CEEPUS за УГД, реализираше научен престој на Бугарската академија на науките во Софија, Бугарија, во периодот од 2.2.2023 до 7.2.2023. 

Повеќе...

Лабораторијата УНИЛАБ на Земјоделски факултет од 6 март 2023 г. повторно е институција домаќин и прв избор на студентите од Хемиското училиште во Пардубице, Република Чешка, во рамките на ЕРАЗМУС договорот за соработка. Како резултат на одличните резултати и препораки што ги има лабораторијата од страна на студентите од Чешка, продолжува изборот на Лабораторијата УНИЛАБ за пракса на студентите, сега за периодот од март до јуни.

Повеќе...

На  22 и 23 февруари, студентите од трета година, насока Растителна биотехнологија, и четврта година, насока Градинарство, реализираа посета на компанијата Агроуник во Р. Србија.

Повеќе...

УНИЛАБ лабораторијата на Земјоделски факултет години наназад има одлична соработка во рамките на ЕРАЗМУС договорот за соработка со Хемиското училиште во Пардубице, Република Чешка. Како резултат на одличните резултати и препораки кои ги има лабораторијата од страна на студентите од Чешка, продолжува изборот на УНИЛАБ лабораторијата за пракса на студентите, како за кратки престои од две недели така и за подолги студиски престои од три месеци.

Повеќе...

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Адреса: ул. „Гоце Делчев“ бр. 89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија



Студентски прашања

Штип/Прилеп - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.