Промоцијата што ја спроведува Универзитет „Гоце Делчев“ и Земјоделски факултет, со цел да им ги појасни и доближи условите за студирање и предноста за студирање на овој Универзитет, е одлична можност за секој млад матурант кој нема одлучено каде да го направи вистинскиот избор.

Деканот на Земјоделски факултет, проф. д-р Љупчо Михајлов, и проф. д-р Силвана Пашовска на 18 април одржаа презентација за студиските програми, можностите и поволностите за студирање на Земјоделски факултет пред матурантите од СОУ „Орде Чопела“ во Прилеп и пред матурантите од Гимназија „Мирче Ацев“ во Прилеп.

На средбата присуствуваа поголем број матуранти кои имаа можност да поставуваат прашања за условите и начинот на студирање на факултетот.

Зошто Вашиот избор без двоумење да биде Земјоделски факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип?

Факултетот има свој комплетно опремен Наставен центар и во Прилеп, една од достапните можности за студирање, а сепак во близина. Електронскиот систем на УГД е најпрактичната и најдостапна опција за секој млад студент, уплата од дома без чекање и пополнување.

Во текот на промоцијата, исто така, беа посетени и матурантите од Средното земјоделско училиште „Киро Бурназ“ во Куманово, каде што исто така беа споделени многу корисни информации со матурантите.

Драги наши матуранти, сега е Вашиот најбурен и највесел период после досегашното образование, но нашиот топол збор е секогаш упатен за поддршка кон Вас и секогаш сме достапни и отворени за било каков вид на прашања.

Уживајте во Вашите матурски, но не заборавајте да ги подготвите Вашите документи и на првиот уписен рок во август Ве очекуваме!

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Адреса: ул. „Гоце Делчев“ бр. 89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија



Студентски прашања

Штип/Прилеп - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.