17тиот Меѓународен Симпозиум и Летна Школа по Биоанализа се одржа од 2 до 8 Јули 2017 година во Охрид.

Овој настан е организиран во рамките на CEEPUS CIII-RO-0010-11-1617 мрежата: TEACHING AND LEARNING BIOANALYSIS, којашто е активна 19 години и во неа се вклучени учесници од 20 универзитети од 10 држави од централна и источна Европа. Целта на Симпозиумот и Летната школа е да им овозможи на студентите и истражувачите проширување на знаeњето, информации и идеи за примена на биоаналитичките техники.

Овој симпозиум секоја година се организира во различна држава членка на мрежата и оваа година, за прв пат, симпозиумот се организираше во Македонија. Интитутот за хемија од Природно-математичкиот факултет во Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ се приклучи во мрежата во 2006 год., додека Земјоделскиот факулет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип се приклучи во 2016 год. Двете институции се активни учесници во мрежата и активно учествуваат во размена на студенти и професори преку научни престои во лабораториите на универзитетите партнери на мрежата, но и на сумпозиумите и летните школи кои што се организираат секоја година.

На свеченото отварање на настанот се обратија главниот координаторот на мрежата, проф. д-р Габриела Донат-Наги, почесниот и прв координатор на мрежата, проф. д-р Ференц Килар, координаторот на мрежата за Универзитетот „Св. Кирил и Методиј, проф. д-р Трајче Стафилов, а свое обраќање имаа и ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Никола Јанкуловски и деканот на Земјоделскиот факулет, Универзитет „Гоце Делчев“, Штип, проф. д-р Љупчо Михалов.

17тиот Меѓународен Симпозиум и Летна Школа по Биоанализа традиционално овозможи широк опсег на интердисциплинарни содржини од областа на биоанализата. Беше ставен акцент на последните достигувања во примената на аналитичките техники и биоаналитичките методи во хемиски и фармацевтски истражувања и сродни теми. Научната програма вклучи 16 пленарни предавања, 32 усни презентации и 37 постерски презентации, а на настанот учествуваа повеќе од 100 учесници. Посебно внимание се посвети на младите истражувачи кои своите резултати ги презенираа со подиум постер презентации.

Свое пленарно предавање на тема: “Plenolic, volatile and elemental composition of Macedonian wines” одржа проф. д-р Виолета Иванова-Петропулос, која воедно е и координатор на CEEPUS мрежата за Универзитетот „Гоце Делчев“.

Со усни презентации учествуваа доц. д-р Биљана Балабанова и доц. д-р Катарина Смилков. На симпозиумот учествуваа и други професори и студенти, како од Земјоделскиот факултет, така и од Факултетот за медицински науки, УГД, презентирајќи резултати со постер презентации. Зорица Лелова, студент на втор циклус студии на модулот Енологија, презентираше дел од своите резултати добиени за време на студискиот престој во Словачка, во рамките на CEEPUS мрежата. На симпозиумот беа доделени награди за најдобри постер презентации. Третата награда за најдобар постер му припадна на трудот со наслов „Application of Q-ICP-MS FOR sensitive determination of lead isotope ratios in various organically based matrixes“ од авторите Биљана Балабанова, Виолета Иванова-Петропулос и Блажо Боев, а наградата ја прими првиот автор, доц. д-р Биљана Балабанова.

Овој настан беше организиран и финансиски поддржан од двата универзитети партнери во CEEPUS мрежата од Македонија: Универзитет „Гоце Делчев“, Штип и Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, како и од CEEPUS канцеларијата во Министерството за Образование и Наука на Република Македонија.  

 

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.  

Адреса: ул. „Гоце Делчев“ бр. 89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија



Студентски прашања

Штип/Прилеп - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

 

Template Settings

Color

For each color, the params below will give default values
Blue Red Cyan Green Orange

Body

Background Color
Text Color

Background

Patterns for Layour Style: Boxed
Layout Style
Select menu